Connect with us

Банки

Комерцијална банка ќе ја подели дивидендата, тврди е во рамки на препораките на НБРСМ

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ќе ја спроведе веќе донесената одлука на Собранието на акционери кое се одржа по пат на коренсподенција за доделување на дел од добивката остварена за 2019 година како дивиденда. Планот на Комерцијална банка е делот за дивиденда вреден 1,2 милијарди денари или околу 20 милиони евра да се исплати на акционерите откако ќе заврши кризата предизвикана од застојот додека трае ширењето на корона вирусот.

Од Комерцијална банка велат дека ги исполнуваат сите законски основи, банката е ликвидна и солвентна и одлуката не се коси со препораката на Народната банка за задржување на дел од добивката како резерва за зголемување на капиталот во справување со економските последици кои може да се јават во кризата со пандемијата на КОВИД-19.

„Управниот одбор и Надзорниот одбор на Комерцијална банка сметаат дека Банката треба да остане на веќе предложената Одлука до Собранието на акционери со која нераспределената добивка од 2019 година се распоредува на 553 милиони денари за резерви на Банката со која се зголемува нејзиниот капитал и 1.253 милиони денари за дивиденда на акционерите на Банката. Всушност, согласно препораките на Комисијата за хартии од вредност за учество и гласање на Собранието по пат на кореспонденција, кое беше закажано за 2.04.2020 година, заклучно со 27.03.2019 година, 52,92% од акционерите на Банката веќе гласаа за предложената Одлука“ – велат од Комерцијална банка.

Една од најголемите домашни банки оценува дека има доволно одвоен капитал вреден околу 195 милиони евра кој ќе биде доволен за справување со сите последици.

„Комерцијална банка постојано издвојува значаен дел од добивката во резерви и го зголемува сопствениот капитал. Така на пример, само во 2019 година беа издвоени 823 милиони денари (13,4 милиони евра) од добивката во 2018 година, а и оваа година со предложената одлука се издвојуваат 553 милиони денари (скоро 9 милиони евра) во резерви на Банката. Со тоа капиталот на Банката ќе достигне износ од 11.987 милиони денари (или скоро 195 милиони евра). Тоа покажува дека Комерцијална банка има солидна капитална основа да се соочи со очекуваните движења и последици врз стопанството и населението, ги исполнува сите законски и супервизорски стандарди, е ликвидна и солвентна“, објаснуваат од Комерцијална.

Уште повеќе одлуката за доделување на дивиденда ја оправдуваат со тоа што 90% од акционерите во банката се домашни субјекти, па така овие средства ќе „легнат“ на домашни сметки, додека пак повеќето од големите банки во земјава имаат странски удели на сопствеништво.

„За разлика од сите поголеми банки во државата, кои се доминантно во странска сопственост, Комерцијална банка АД Скопје е речиси целосно во сопственост на домашни акционери. Со состојба на 29.02.2020 година, 96,42% се домашни акционери и само 3,58% се акционери од странство. Тоа значи и дека скоро целиот износ на предвидената дивиденда, односно 96,42%, ќе биде исплатен на домашни правни и физички лица, за разлика од другите поголеми банки, каде вообичаено исплатената дивиденда се трансферира во странство. Во случајот на Комерцијална банка, според сегашната состојба на акционерската книга, дивидендата ќе им биде исплатена на 4.555 домашни физички лица во износ од 476 милиони денари, на 344 домашни правни лица во износ од 679 милиони денари и ќе биде исплатен данок кон Буџетот во износ од 57, 4 милиони денари. Тоа значи дека со исплата на дивидендата ќе се подобри ликвидноста на сите овие субјекти, вклучувајќи го и Буџетот на државата, што сметаме дека е особено важно во овој период кога и стопанството и населението се соочуваат со проблеми“.

Имајќи ги предвид овие аргументи, Управниот и Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје остануваат на предложената одлука за распоредување на добивката од 2019 година (за што досега веќе гласаа 52,92% од акционерите) на 553 милиони денари за резерви на Банката и по 550 денари бруто дивиденда по акција. Исплатата на дивидендата очекуваме да се случи по завршувањето на вонредната состојба и продолжување на Собранието на акционерите на Банката или кога за тоа ќе се создадат законски услови со Уредбата за примена на Законот за трговските друштва”, завршуваат од Комерцијална банка со образложението.

Во препораките на Народната банка се вели дека се очекува добивката остварена во измината година да се стави во функција на натамошно зголемување на капиталот и финансискиот потенцијал на банките и над минималните законски и супервизорски барања, односно за градење дополнителен простор над нив.

Како што им е укажано, банките треба да се подготвени да обезбедат поддршка на редовното работење на граѓаните и фирмите коишто се нивни клиенти, задоволување на квалитетната кредитна побарувачка, при истовремено покривање на евентуалните кредитни загуби како последица на ефектите на вирусот Ковид-19 врз домаќинствата и правните лица.

Домашни банки

Ново работно време на експозитурата Центар на Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека од 01.06.2020 година Експозитурата Центар ќе работи од Понеделник-Петок 08-18 часот и Сабота 09-14 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Битола отсега на нова поатрактивна локација

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитурата Битола се премести на нова локација во поголеми и посовремени простории во насока на подобрување на корисничкото искуство при користење на банкарските производи и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Бруто-добивката на хрватските банки се намали за 22,7 проценти во првиот квартал

Објавено

на

Во првиот квартал од оваа година, банките во Хрватска пријавија оперативен бруто-профит од 1,25 милијарди хрватски куни односно 164,7 милиони евра, што е за 368,6 милиони хрватски куни или 50,9 милиони евра помалку во однос на истиот период во 2019 година, според објавените податоци на Хрватската народна банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно