Домашни банки
Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 04.05.2023 година

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 04.05.2023 година ќе врши исплата на дивиденда за 2022 година. Право на исплата на дивиденда за 2022 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 18.04.2023 година.
Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка.
Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.
Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери-физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да превземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.
Средствата од дивидендата за 2022 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на платежните сметки на физичките лица во Комерцијална банка АД Скопје. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување/инструкција за пренос на дивидендата на платежна сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата од дивидендата преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената платежна сметка. Доколку некој акционер, резидент физичко лице, нема дадено такво овластување, а сака дивидендата да му биде исплатена на платежна сметка во друга банка, треба да го стори тоа преку доставување инструкции во електронска форма, а кои може да се најдат на веб-страната на банката www.kb.mk во делот „ЗА НАС \ Односи со инвеститори“
Согласно член 85, став 11, од Законот за данокот на личен доход, пресметката на данокот на доход од дивиденда остваренa со учество во добивката во 2022 година, a исплатена во 2023 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата.
Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви: (02) 3168-313, 3168-309, 3168-323 и 3168-311.
Домашни банки
Намалување на каматните стапки на Халкбанк на кредити за физички лица

Халкбанк АД Скопје изврши намалување на каматните стапки на потрошувачкиот и хипотекарниот кредит наменети за физички лица и понуди атрактивни услови за станбениот кредит. Овие услови ќе важат во промотивен период до 31 декември 2023 година. (more…)
Домашни банки
„ФИКСНО СИ Е ФИКСНО“ – станбен и потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка со фиксна каматна стапка

Шпаркасе Банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти, со најповолни услови. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка ќе овозможи тргување со акции без провизија на „Инвеститорскиот ден“ на Македонската берза

Комерцијална банка и оваа година ќе им овозможи на граѓаните еден ден да купуваат или да продаваат акции на Македонската берза без плаќање провизија за брокерски услуги. Со ова Банката ќе даде свој придонес за успешна реализација на четвртиот по ред „Инвеститорски ден“ на Македонската берза, што ќе се одржи на 13.09.2023 година (среда). (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје