Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка ќе биде генерален спонзор на Струмичкиот карневал

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје, традиционално, и оваа година ќе ја поддржи манифестацијата Струмички карневал како Генерален спонзор.

Струмичкиот карневал се одржува во рамки на „Тримерските празнувања“ (празникот на армасаните девојки), а во него годинава ќе учествуваат над 2.500 маскирани лица во поворка која привлекува над триесет илјади посетители од Република Македонија и од соседните држави.

Карневалската забава официјално започнува на 16 февруари 2018 година со изборот на принц и принцеза на Струмичкиот карневал. Принцот и принцезата со кралот на Струмичкиот карневал ќе ја предводат големата карневалска поворка на 17 февруари 2018 година на интернационалната, главна карневалска вечер и со тоа ќе го означат почетокот на годинашното издание на еден од најпознатите карневали на Балканот и во Европа.

Домашни банки

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките

Објавено

на

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките поради неплатени долгови. На вчерашната средба на Банкарската асоцијација со министерот Тевдовски и министерката Дескоска, банките се согласиле да не наплаќаат надомест доколку се блокира сметка на човек кој е социјален случај, прима алиментација, хуманитарна помош или друг вид заштитен приход. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка најуспешна во тргување на девизните пазари

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange