Connect with us

Домашни банки

Комерцијална Банка ја купува Тирана банка

Објавено

на

Македонската „Комерцијална банка“ и албанската компанија „Балфин груп“ ја преземаат Тирана банк. Договорот за купопродажба на сите акции веќе е потпишан, а според соопштението од Балфин груп, мнозинството акции ќе го има оваа фирма. Досега сопственик на капиталот беше грчката Пираеус.

Тирана банка отсекогаш била клучна банка во финансискиот развој на Република Албанија и беше првата приватна банка која се појави на локалниот пазар. Со одлична репутација и вработени, Тирана банка е една од најдобрите банки во Република Албанија.

Комерцијална банка АД Скопје е често наградувана банка во Република Македонија со водечки пазарен удел во корпоративното кредитирање, малопродажбата и развивање на нови производи користејќи интернет платформи. Со вкупна актива од над 1,73 милијарди евра Комерцијална банка АД Скопје е една од најголемите банки во Југоисточна Европа.

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје имаат долга историја на соработка во Република Македонија и ова е прва инстанца за заедничко работење во Република Албанија.

Балфин груп е една од најголемите компании на Балканот, а воинвестициското портфолио се сите земји од регионот,односно Албанија, Косово, Макеоднија, БиХ, Црна Гора, но и Австрија и Велика Британија.

Инаку Балфин груп е новиот сопственик на земјиштото кај Скопски саем во Скопје. Првично оваа фирма го изгради и Сити мол, но го продаде во 2016 година.

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка најуспешна во тргување на девизните пазари

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал банка ја прошири својата мрежа на експозитури во Кисела Вода, Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје продолжи со проширување на својата мрежа на експозитури на територијата на град Скопје, водена од својата мисија за градење на доверба, сигурност и посветеност кон клиентите, нудејќи им највисок стандард на финансиски услуги. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange