Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка учесник во синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

Објавено

на

Договор за синдициран заем во вредност од 72 милиони евра беше потпишан денеска од страна на домашни и странски банки со цел финансирање на изградбата на трговскиот центар East Gate Mall, градежен проект зад кој стои вкупна инвестиција од 103 милиони евра на Балфин групацијата. Со синдицираниот заем обезбедени се 38,5 милиони евра од НЛБ Групацијата (20 милиони евра од НЛБ дд Љубљана и 18,5 милиони евра од НЛБ Банка АД Скопје), 18,5 милиони евра од Комерцијална банка АД Скопје, 10 милиони евра од Raiffeisen bank Албанија и 5 милиони евра од Халк банка АД Скопје.

Со синдицираниот заем ќе се овозможи изградба на еден од најсовремените трговски центри на Балканот. East Gate Mall е дел од модерниот и современ повеќенаменски комплекс Скопје East Gate, кој e распространет на преку 15 хектари земјиште и опфаќа трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк со вкупна планирана бруто изградена површина од над 500.000 м2, со што претставува најголемиот повеќенаменски проект во недвижности во државата.

Според Игор Давков, Генерален извршен директор на East Gate Mall, инвестицијата, за која денес се заокружи финансирањето во целост, ќе ја смени сликата за македонската ретаил индустрија.

„Изминатите две години напорно работевме на креирање портфолио на закупци кои во целост ќе ги задоволат потребите и очекувањата на потрошувачите, не само во државата, туку и во регионот. Трговскиот центар на ретаил пазарот во Скопје ќе донесе преку 20 нови светски модни брендови на малопродажна површина од над 20,000 м2, односно на приближно 40% од вкупната површина за издавање во трговскиот центар; ќе овозможи отворање трговски единици кои по својот формат и големина одговараат на форматот и големината во кои најголемите модни брендови отвораат продавници во светските метрополи, а со тоа овозможуваат и сосема поинаков квалитет и квантитет во понудата кон крајниот потрошувач. Веќе имаме потпишано комерцијални услови и договори за закуп со над 150 трговци, па така денес, повеќе од една година пред отворањето на трговскиот центар, истиот е издаден веќе над 80%, со потврдени комерцијални услови од закупците” – изјави г-дин Игор Давков.

Комплексот претставува модерен урбанистички и архитектонски симбол на Скопјe кој како проект има за цел да воведе нови и современи стандарди на урбаното живеење и работење. Tрговскиот центар зафаќа вкупна корисна површина за закуп од околу 57.000 м2 со 250 закупци (поединечни локали под закуп). Според планираната динамика, трговскиот центар треба да биде отворен за сезоната есен/зима 2021 година.

Според Главниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка Хари Костов, кога Комерцијална банка донесе одлука за своето учество во овој проект, светот и Македонија не беа зафатени со здравствено економската криза предизвикана од Корона вирусот.

„Сепак, после појавата и траењето на пандемијата за особена пофалба е цврстата решеност на инвеститорот Групацијата Балфин, не само да не се откаже или да го стави во мирување овој проект, туку напротив уште позасилено и побрзо да работи на неговата реализација, вложувајќи значаен износ на сопствени средства во досегашната инвестиција. Групацијата Балфин е наш познат и ценет клиент. Заеднички имавме мошне позитивно искуство, заедно и со други инвеститори, кога обезбедивме синдицирано финансирање на Скопје Сити Мол заедно со Европската банка за обнова и развој и со Рајфајзен Албанија. Впрочем, со Групацијата Балфин сме и заеднички акционери во Тирана банк, иако Комерцијална банка како малцински акционер. Наша оценка е дека на Скопје и на Македонија им е потребна ваква инвестиција, која ќе доведе до вработување на поголем број млади лица и натамошен развој на Градот Скопје и на Македонија. На Групацијата Балфин и посакувам брза и успешна реализација на овој значаен проект, а Комерцијална банка ќе биде тука како еден од позначајните поддржувачи на нивната идеја и инвестиција.“, изјави г-дин Костов.

Обезбедената финансиска поддршка од домашни и странски банки за изградба на East Gate Mall во услови на глобална финансиска криза, наметната од пандемијата од вирусот Covid-19, e доказ за важноста на оваа инвестиција за македонската економија и показател на стабилноста и отвореноста на банкарскиот сектор во земјава за поддршка на економско значајни проекти.

Домашни банки

НЛБ Банка со известување за предвремена исплата на септемвриските пензии

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати септемвриските пензии на 28 – ми септември (понеделник). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола со известување за исплата на пензии и социјална помош за месец септември

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти – пензионери дека исплатата на пензиите за месец семптември, ќе се изврши во 4 групи во сите отворени експозитури на банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје со известување за предвремена исплата на септемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти-пензионери дека пензиите за месец септември од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно