Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година е спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“, која традиционално се одржува околу верскиот празник Петровден. Оваа година ќе се одржи од 16 до 18 јули во Галичник, при што настанот ќе биде усогласен со Ковид-протоколите за организација на културни настани.

„Галичка свадба“ е меѓународно етаблирана културна манифестација. Весникот „New York Times“ во 2018 година ја вброи меѓу деветте европски фестивали кои мора да се посетат, а магазинот „National Geographic“ ја опиша како најтрадиционален свадбен фестивал во Европа.

Поддршката за „Галичка свадба“ е само дел од севкупната поддршка што Комерцијална банка ја дава на културата и на уникатните вредности во домашното културно творештво, со што придонесува за подигнување на нивото на културно живеење во нашето општество.

Домашни банки

Шпаркасе предупредува: Забележани се „phishing“ напади, бидете внимателни!

Објавено

на

Шпаркасе банка информираше дека се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое го фалсификува идентитетот на Охридска Банка АД Скопје, и кое го користи логото на банката, обидувајќи се да извлече податоци преку праќање на мејлови. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање



Популарно