Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на две културни манифестации

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е спонзор на две културни манифестации: Италијанскиот филмски фестивал и детскиот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр 2017“.

Италијанскиот филмски фестивал насловен како „Прозорец кон италијанската кинематографија“ ќе се одржи во периодот од 17 до 23 мај во Кинотеката на Македонија. Фестивалот ќе започне со драмата „Акабадора“ на режисерот Енрико Пау, а на 23 мај ќе биде затворен со „Виновгрев“, филм од жанрот црна комедија.

 

Банката и оваа година традиционално ќе ги поддржи младите со спонзорирање на 36-тиот по ред детски ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр 2017“, кој и оваа година ќе се одржи во Битола во периодот од 23 до 30 мај 2017 година. На овој Фестивал учениците ќе творат на традиционалната тема „Старата македонска архитектура“ во Битола и на ликовните каравани во Охрид и во Крушево.

 

Детскиот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр“ претставува светска културно-образовна манифестација која го развива детското ликовно творештво преку учество на млади ликовни таленти од сите меридијани и дава непроценлив придонес за афирмација на Република Македонија.

Домашни банки

Важен е ИВАН ЃАКОВСКИ…затоа што се грижи нашиот оброк да биде органски и здрав

Објавено

на

Иван Ѓаковски – некои го познаваат како сопственик на Vega Fresh Bar, некои како активен спортски лик, но оние што не го познаваат треба да знаат дека ова момче од позитивна идеја и лична пасија успеа да изгради сопствен бизнис, кој успешно го развива веќе 4 години. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола го одбележа Светскиот ден на штедењето

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и оваа година го одбележа Светскиот ден на штедењето 31 октомври. Со цел поттикнување на добрите навики кои се учат и стекнуваат уште од мали нозе вработените од Стопанска банка а.д. Битола беа во посета на детски градинки во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струмица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавен повик за учество во проектот Практиканство 3.5 во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Објавено

на

Во соработка со Агенцијата за вработување, „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје” учествува во проектот Практикантство 3.5, со што се овозможува стекнување практично знаење и вештини на млади лица во времетраење од 6 месеци. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange