Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Комерцијална банка со сопствен систем за производство на електрична енергија

Објавено

на

Поттикнати од глобалното движење за производство на чиста енергија од обновливи извори и водена од својата општествена одговорност, Комерцијална банка АД Скопје со гордост го претставува сопствениот систем за производство на електрична енергија од сончево зрачење.

Платформата со фотоволтаични панели е поставена на кровот на деловниот објект КБ-2 во центарот на Скопје. Се состои од 81 панел со моќност од 300 W по панел и два струјни инвертора поврзани со напојувањето на зградата. На овој начин дел од потребната електрична енергија, Комерцијална банка АД Скопје ја обезбедува од сопствени извори, а остатокот го надополнува од електричната мрежа. Целокупната произведена електрична енергија се употребува за потребите на деловниот објект.

Системот е пуштен во функција во декември 2018 година. Во убав сончев ден произведува повеќе од 100 kWh електрична енергија дневно. Благодарение на оваа инвестиција, Комерцијална банка АД Скопје за три месеци спречи во атмосферата да се емитуваат речиси два тона СО2, кои би биле испуштени доколку ова количество електрична енергија било произведено во термоцентрала со согорување на јаглен.

Ова е придонес и дел од напорите на Комерцијална банка АД Скопје за намалување на загадувањето во Скопје.

Домашни банки

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Објавено

на

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Уплата на готовина на банкоматите на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја пушти во функција услугата уплата на готовина на банкомат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Отворен повик за учество на третата летна школа “Биди Банкар” на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Во јули годинава, по трет пат ќе се одржи летната школа „Биди Банкар“ на Охридска банка Сосиете Женерал отворена за студентите во завршна година на додипломски, или постдипломски студии. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange