Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка со своите нови пријатели навиваше за македонската фудбалска репрезентација

Објавено

на

Комерцијална банка е особено почестена од 11 нови пријатели – дечиња од Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ – Скопје и од Здружението САНО кое помага на деца со канцер и на нивните родители, како и младите математичари од Есенската математичка школа 2022 во организација на Сојузот на математичари на Македонија.

„Неделата на 20 ноември, кога се одбележува Светскиот ден на детето, беше посебен ден за овие 11 дечиња затоа што тие ја почувствуваа магијата на фудбалот и беа придружници на македонските фудбалски звезди во официјалниот дел од почетокот на пријателскиот натпревар Македонија – Азербејџан. Тоа беше посебен ден и за нас бидејќи ја прифатија поканата од Комерцијална банка и од Фудбалската федерација на Македонија за сите заедно да ја споделиме љубовта кон македонскиот фудбал.

Возбудата од терен се префрли на трибини, каде дечињата ни се придржија за заедно да навиваме за голови и нови успеси. Нашите срца, сите заедно, чукаа во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација. Нашите верувања беа единствени дека заедно е полесно да ги надминеме сите пречки и сите предизвици.” – велат од Комерцијална банка.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно