Домашни банки
Комерцијална банка со награда за „Акција со најголем промет во 2021 година“ на Македонската берза

Македонската берза на хартии од вредност ѝ ја додели на Комерцијална банка наградата „Акција со најголем промет во 2021 година – компании над 50 милиони евра пазарна капитализација“. Со годишните награди што ги воведува Берзата за првпат им се дава јавно признание на компаниите кои во тековната година биле најактивни и најпрепознатливи на домашниот пазар на капитал.
Акцијата на Комерцијална банка традиционално е една од најтргуваните на Македонската берза, што се должи пред сѐ на довербата која ја уживаат инвеститорите во акцијата и во работењето на Комерцијална банка, но и на транспарентното, одговорно и успешно работење на Банката.
„Оваа награда потврдува дека Банката не е само избор на депонентите и штедачите, кои веруваат во нас, туку и на инвеститорите. Во изминатата година акцијата на Комерцијална банка учествува со 37% во прометот со акции без блок-трансакции, а дури 44% во прометот со блок-трансакции. Со акциите на Комерцијална банка е реализирано тргување во вредност од околу 30 милиони евра без блок-трансакции и речиси 60 милиони евра со блок-трансакции. Сѐ ова покажува колку навистина се тргува со акцијата на Комерцијална банка“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка во своето обраќање по повод доделување на наградата.
Оваа година, Комерцијална банка се истакна со успешното справување со сите предизвици и со одлични финансиски резултати, со што акцијата на Банката стана уште поатрактивна за инвеститорите на домашниот пазар на капитал. Комерцијална банка е најголема банка во Македонија по износ на вкупна актива, најголем кредитор на корпоративниот сектор, банка со стабилна дивидендна политика. Секоја година континуирано се зголемува вкупниот број акционери на Банката, кој на крајот од ноември оваа година изнесува околу 5.400 акционери, што е зголемување за околу 200 акционери во однос на крајот на 2020.
„На сите кои веруваат во нас можеме да им порачаме дека остануваме посветени на својата деловна стратегија за натамошно успешно работење и веруваме дека тоа ќе придонесе за натамошно одржување на довербата што ја имаме кај клиентите и акционерите“, порача директорката Стевкова-Штериева.
Домашни банки
Атрактивна кредитна понуда од Комерцијална банка на Саемот на мебел

Уредувањето на домот е вистинско уживање кога на едно место добивате богата понуда на мебел и атрактивни кредитни производи. Токму тоа ви го овозможуваат Комерцијална банка и Скопски саем на претстојниот Саем на мебел, кој се враќа со целата своја атрактивност и со саемските попусти. (more…)
Домашни банки
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

На 17 март, со потпишувањето на два договори за купопродажба на акции меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светската банка, се постави основата за промена на составот на главната акционерска база на ProCredit Holding AG & Co. KGaA (ПроКредит Холдинг). (more…)
Домашни банки
Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка