Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка со известување за клиентите во врска со Ковид-19

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија поврзани со појавата на Ковид-19 (коронавирусот), Банката воведе мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите.

Комерцијална банка ги советува клиентите да го намалат интензитетот на посети на експозитурите, филијалите и на централата на Банката. За сите потреби може да ги контактирате вработените на Банката на телефоните кои се објавени на веб-страницата www.kb.com.mk.

Сите услуги и производи на Банката се целосно достапни за клиентите. Банката апелира финансиските потреби што е можно повеќе да ги вршите преку широката мрежа на банкомати, а 24 часа во денот на располагање стојат и каналите за електронско банкарство: Интернет банкамБанкамБанкаКоKomPay, веб-страницата www.kb.com.mk. Достапни се и профилите на Банката на социјалните мрежи, како и контакт-центарот на (02) 3296 800.

Комерцијална банка и натаму ќе одржува највисоко ниво на хигиена и на дезинфекција во своите простории и на банкоматите, но сепак апелира клиентите да бидат внимателни и да негуваат највисоко ниво на лична хигиена.

Согласно насоките од надлежните органи, препорачано е да се избегнува директен и близок контакт (препорачана оддалеченост од најмалку еден метар помеѓу луѓето), ракување, гушкање и долго седење во затворени простории. Банката препорачува да ги користите средствата за дезинфекција, поставени на шалтерите и во деловните простории на Банката, со цел да се одржува максимална хигиена на рацете.

Работното време на експозитурите и на филијалите е објавено на веб-страницата на Банката и може да го погледнете на следниот линк. Информациите постојано ќе се ажурираат и доколку има промени во работното време или времено затворање на некои експозитури и филијали, Банката навремено ќе ја извести јавноста. Следете ги веб-сајтот и Facebook страницата на Комерцијална банка за редовно информирање.

Комерцијална банка АД Скопје им стои на располагање на клиентите за сите прашања и потреби. Банката се заблагодарува на разбирањето и внимателноста.

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

Објавено

на

Во услови на справување со актуелната сериозна опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, поддржувајќи ги препораките и мерките на Владата, ТТК банка АД Скопје денес изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година во износ од 10.460.780 денари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавна понуда од НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти – физички лица

Објавено

на

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на COVID-19, НЛБ Банка објави ПОНУДА за поддршка на сите свои клиенти, физички лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Понуда од Стопанска банка а.д. Битола за промена на договорните услови за кредитни производи на правни и физички лица

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола како дел од економскиот систем на земјата целосно ја разбира сериозноста на ефектите кои ќе бидат предизвикани од корона – кризата. Во таа насока со цел да се минимизираат потенцијалните негативни последици од кои ќе бидат засегнати сите клиенти, Банката креираше посебна ПОНУДА за промена на договорните услови за кредитни производи на правни и физички лица.
(more…)

Продолжи со читање

Популарно