Connect with us

Домашни банки

Комерцијална Банка со добивка од 28 милиони евра за 9 месеци

Објавено

на

Во периодот од 01.01-30.09.2018 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.728,9 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 106 милиони денари.

Повеќекратното зголемување на финансискиот резултат се должи на интензивните активности на Банката за решавање на статусот на должникот ФЕНИ – Кавадарци за кој поради влошување на состојбите во текот на 2017 година беше издвоен значителен износ на исправка на вредност. Имајќи го предвид потенцијалот на комбинатот, како и интересите на сите засегнати страни, Банката во текот на првиот квартал од 2018 година, склучи договор за продажба на своите побарувања од „ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци во стечај”. Согласно условите од договорот, целосна негова реализација и исплата на вкупниот износ на побарувањата беа реализирани до крајот на март, по што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.536,7 милиони денари и бележат зголемување од 6,8% во однос на истиот период од минатата година.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2018 година изнесуваат 1.203,2 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се намалени за 5%. Планот е остварен со 96,8%.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа заклучно со месец септември изнесува 369,8 милиони денари и во најголем дел се однесува на оштетување на имот преземен по 01.01.2010 година, согласно регулативата од НБРМ.

Домашни банки

Стопанска Банка АД Скопје ја зголеми добивката за над 2 милиони денари

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка во износ од 2.589.629.000 денари. Станува збор за зголемување на добивката за 37,7% споредено со истиот период од 2017 година, соопшти банката преку Македонската берза. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Важен е ИВАН ЃАКОВСКИ…затоа што се грижи нашиот оброк да биде органски и здрав

Објавено

на

Иван Ѓаковски – некои го познаваат како сопственик на Vega Fresh Bar, некои како активен спортски лик, но оние што не го познаваат треба да знаат дека ова момче од позитивна идеја и лична пасија успеа да изгради сопствен бизнис, кој успешно го развива веќе 4 години. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола го одбележа Светскиот ден на штедењето

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и оваа година го одбележа Светскиот ден на штедењето 31 октомври. Со цел поттикнување на добрите навики кои се учат и стекнуваат уште од мали нозе вработените од Стопанска банка а.д. Битола беа во посета на детски градинки во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струмица. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange