Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка: Соопштение за исплата на дивиденда

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува акционерите на Банката дека на 03.08.2021 година Советот на Народната банка на Република Северна Македонија донесе Одлука за укинување на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, објавена во Сл. весник на РСМ бр.177 од 03.08.2021 година, со која престанува да важи привременото ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.

Надзорниот одбор на Банката врз основа на член 7 од Одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година бр.02-190-8/1, донесена од Собранието на Комерцијална банка АД Скопје на 29.03.2021 година, на 04.08.2021 година донесе Одлука за утврдување точни датуми на исплата на дивиденда за 2020 година, согласно која е утврден следниот ДИВИДЕНДЕН КАЛЕНДАР за датумите на исплата на дивиденда за 2020 година:

  • Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 09.08.2021 година.
  • Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2020 година е  10.08.2021 година.
  • Датумот на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2020 година, е 11.08.2021 година.
  • Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе започне на 24.08.2021 година.

Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки во Комерцијална или во друга банка.

Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.

Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери – физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.

Средствата од дивидендата за 2020 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на сметките на физичките лица во Комерцијална банка АД Скопје. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување/инструкција за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата од дивидендата преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената сметка. Доколку некој акционер,  резидент физичко лице, нема дадено такво овластување, а сака дивидендата да му биде исплатена на сметка во друга банка, да го стори тоа преку доставување инструкции во електронска форма, кои може да се најдат на веб-страницата на Банката www.kb.com.mk во делот „ЗА НАС \ Односи со инвеститори“.

Согласно член 85, став 11, од Законот за данокот на личен доход, пресметката на данокот на доход од дивиденда остваренa со учество во добивката во 2020 година, a исплатена во 2021 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата.

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви:  (02) 3168 311, 3168 310 и 3168 308.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно