Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка се приклучи на иницијатива на МБА за заштеда на електрична енергија

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја поздрави и се приклучи на иницијативата на Македонската банкарска асоцијација за заштеда на електрична енергија со цел поефикасно надминување на енергетската криза со која се соочува земјата.

Како општествено одговорна компанија, Комерцијална банка ќе го даде својот придонес со исклучување на светлечките реклами во наредните 30 дена во централата на Банката и во нејзини филијали и експозитури.

Како што е наведено во соопштението на Македонската банкарска асоцијација, која го координираше своето членство во иницијативата за гаснење на светлечките реклами во период од 30 дена, со овој чекор банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за здружено општествено одговорно однесување, кое дополнително се пренесува и до сите нивни вработени со цел рационално користење на електричната енергија не само во работните простории, туку и во домовите.

Анализи

БАНКАТА НА ГОДИНАТА ОСТВАРИ РЕЗУЛТАТ КОЈ ГО ОПРАВДУВА ОВОЈ ЕПИТЕТ – Комерцијална банка оствари фантастична добивка од 37,5 милиони евра во 2021 година!

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Очекувања на менаџментот на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка веќе втор ден предвремено ги исплаќа јануарските пензии

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од 26.01.2022 (среда), во тек е предвремената исплата на јануарските пензии за пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно