Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка размислува да ја купи Еуростандард банка?

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје, преку сопштение објавено на веб страната на Македонска берза, а согласно Глава 6 од Правилата за котација, во текот на денешниот ден објави ценовно чувствителна информација поврзана за можно преземање на Еуростандард банка АД Скопје.

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека ја разгледува можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка АД Скопје, поради што е остварен контакт со раководството на банката за првична размена на информации.

Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина.

Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална Намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје.” – се вели во објавата.

Извори од банкарството велат дека Еуростандард банка веќе некое време има проблем со адекватност на капиталот и поради тоа не е во можност да кредитира со онаа динамика која е неопходна за остварување на целите на институцијата и одржување на профитабилноста. Поради тоа, се претпоставува дека една од причините поради кои се размислува на овој чекор е токму таа.

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Второ место за Комерцијална банка на машкиот хуманитарен велеслалом во Маврово

Објавено

на

Кире Солески од Комерцијална банка АД Скопје го освои второто место на хуманитарниот аматерски велеслалом во конкуренција на 84 натпреварувачи од компании од земјава. Манифестацијата по 18-ти пат се одржа во организација на ски-центарот „Заре Лазаревски“ во Маврово од 21 до 23 февруари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија и ЕБОР ја продолжуваат успешната соработка за кредитите за енергетска ефикасност

Објавено

на

Денес, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон, Шпаркасе Банка Македонија и Европската банка за обнова и развој потпишаа два договора во вкупен износ од 5 милиони евра, за продолжување на соработката во финансирањето на станбени кредити и поддршка на инвестициите во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за зградите во приватна сопственост, вклучувајќи и објекти за домување во Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно