Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за “Најдобра банка во Северна Македонија“ од магазинот Euromoney

Објавено

на

Комерцијална банка со огромно задоволство објавува дека е добитник на уште една престижна награда – „Најдобра банка во Северна Македонија“ во 2021 година, која ја доделува магазинот „Еuromoney”. Оваа награда е признание за извонредност на Банката, која со стабилност, одговорност и импресивни резултати се носи со Covid-19 кризата и излегува во пресрет на потребите на клиентите.

Врз основа на повеќе критериуми и остварените резултати по тој основ, врвни новинари и дописници на Еuromoney ја издвоија Комерцијална банка пред конкуренцијата и ја прогласија за најдобра во земјава. Kритериумите за доделување на наградите вклучуваат профитабилност, видлив раст, иновативност, нови услуги, остварување на релативно подобри перформанси во однос на конкурентите и можност за прилагодување кон променливите услови на пазарот и потребите на клиентите.

Наградите за извонредност се доделуваат од 1992 година и се сметаат за престижна програма за награди во глобалната банкарска индустрија. Почетоците на магазинот Euromoney датираат од 1969 година и се поврзани со потребата од покривање на повторното појавување на меѓународните прекугранични пазари на капитал, кои се претходница на денешните глобални пазари на капитал. Овој магазин е меѓу најпрестижните списанија во финансискиот свет.

Во 2020 година, Комерцијална банка беше прогласена и за „Банка на годината“ од страна на магазинот The Banker. Со последното признание уште повеќе се потврдуваат силните перформанси и цврстината на капиталот на Банката.

Домашни банки

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на 29.03.2023 година го одржа редовното Годишно собрание на акционери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Списание „Чувари на мудроста“ за секојдневие исполнето со убавина и мудрост

Објавено

на

Предлози за прошетки, екскурзии, патувања, книги за читање, крстозбор, вкусни рецепти и многу други содржини се најдоа во списанието „Чувари на мудроста“ чие прво издание излезе деновиве. Списанието е дел од поголемата кампања на Халкбанк АД Скопје „Чувари на мудроста“, посветена на повозрасната популација, но и на кревање на свесноста за важноста на луѓето кои нè пораснале и од кои многу сме научиле. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка: Во тек е исплатата на мартовските пензии

Објавено

на

Силк Роуд Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека во тек е исплатата на мартовските пензии. (more…)

Продолжи со читање

Популарно