Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Амбасадор на добрината“ од „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму)

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје заедно со подржувачите на светското движење „Pay it Forward“ се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму) на одбележувањето на светскиот ден на Продолжи понатаму во Скопје.

Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки! Pay It Forward функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат. Сè зависи од добрата волја на луѓето и нивната желба за хуманост и љубезност.

Банката со своја донација ја подржа прославата на денот на „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму) 28 април 2018 година, а за својот ангажман и заложби за ширење на идејата и иницијативата за претворање на светот во подобро и похумано место на живеење, на прославата од годишнината на движењето „Pay it Forward“ беше прогласена за „Амбасадор на добрината“.

Домашни банки

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките

Објавено

на

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките поради неплатени долгови. На вчерашната средба на Банкарската асоцијација со министерот Тевдовски и министерката Дескоска, банките се согласиле да не наплаќаат надомест доколку се блокира сметка на човек кој е социјален случај, прима алиментација, хуманитарна помош или друг вид заштитен приход. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка најуспешна во тргување на девизните пазари

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange