Домашни банки
Комерцијална банка прва се усогласи со Кодексот за корпоративно управување на котираните друштва на Македонската берза


Комерцијална банка, како банка со врвна корпоративна култура и одговорно деловно работење, е првата компанија во земјава која своето корпоративно управување го усогласи со најновиот Кодекс за корпоративно управување на котираните акционерски друштва на Македонската берза. Прашалниците за усогласеност со Кодексот се објавени на веб-страната на Банката.
Новите трендови во финансискиот свет наметнуваат иновации во понудата и интеракцијата со клиентите преку напредна дигитална технологија, но во исто време и потреба од континуирано унапредување на управувачките и организационите процеси во корпоративниот свет. Ценејќи дека следењето на најдобрите меѓународни практики е еден од начините кој може да придонесе не само за успешни финансиски резултати, туку и за засилување на репутацијата и партнерскиот однос со клиентите, акционерите и инвеститорите, Комерцијална банка одлучи веднаш да го усвои Кодексот како уште еден механизам што обезбедува добро корпоративно управување.
Очекувањата на Банката се следењето на Кодексот да придонесе за уште посилни и понапредни деловни процеси, особено што потребата од следење нови и напредни стандарди е неминовна во определбата на Комерцијална банка успешно да се носи со предизвиците на новото време. А, тие веќе се многу покомплексни бидејќи покрај професионално работење, бараат и силна општествена одговорност, корпоративна култура и етички однос.
Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)
Домашни банки
Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид


Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)
Домашни банки
Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии


Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје