Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка официјален спонзор на РК Вардар 1961

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје со гордост објавува дека стана официјален спонзор на РК Вардар 1961, македонскиот најтрофеен ракометен клуб. Пред стартот на новата сезона, европскиот шампион го претстави дресот за претстојните предизвици, на кој стои логото на Комерцијална банка.

Нашата ракометна гордост РК Вардар 1961 покажа дека со добра работа, професионален однос и длабока посветеност, не постои пречка што не може да се надмине. Тоа се вредностите што секојдневно ја водат и Комерцијална банка АД Скопје. Тоа ги прави Вардар 1961 и Комерцијална банка природни партнери. Заедно банката и ракометниот клуб влегуваат во нови успеси и во афирмација на македонскиот спорт.

Банката континуирано е посветена на поддршка на македонската култура и спорт, препознавајќи и поттикнувајќи успешни приказни кои ја заслужуваат не само македонската, туку и меѓународната сцена. Вардар 1961 ги има освоено и двете, а со поддршката од Комерцијална банка заедно ќе оди кон нови победи!

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација: Циркулираат лажни информации за банки, внимавајте кои информации ги земате за веродостојни!

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник) (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека е поставен нов банкомат на следната локација: во просториите на локалот Шкорпион 13, бул. “Маршал Тито” бр. 79, Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Популарно