Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка од утре ќе исплаќа парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Од вторник, 2 јуни 2020 година, Комерцијална банка АД Скопје ќе врши исплата на парична помош од социјална и детска заштита за месец мај на корисниците кои помошта ја примаат на нивната денарска сметка во Банката.

Корисниците кои имаат активна дебитна картичка парите од социјалната и детската заштита ќе ги имаат на располагање веднаш и ќе може да ги подигнат на банкомат или да ги користат за безготовинско плаќање.

Имајќи ги предвид мерките за заштита од Covid-19, исплатата на паричната помош на шалтерите во Банката ќе биде организирана во три групи и тоа согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

  • Вторник 02.06.2020 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
  • Среда 03.06.2020 – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
  • Четврток 04.06.2020 – П; Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

При посетата на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното физичко растојание и дезинфекција на рацете.

Со цел избегнување на посета на филијалите и експозитурите во иднина, на корисниците кои немаат дебитна картичка Банката ќе им понуди да пополнат барање за нејзино бесплатно издавање.

Домашни банки

Награда од “Commerzbank” за Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје е добитник на наградата од „Commerzbank“, за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Која банка има најраспространета мрежа на експозитури и филијали?

Објавено

на

Во текот на денешниот ден ја анализираме мрежата на експозитури и филијали на вкупно 14 банки од земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Граѓаните користејќи домашна платежна картичка потрошиле 10,7 милиони евра

Објавено

на

Заклучно со 8-ми јули во земјава има активни 187.768 домашни платежни картички, а граѓаните со домашните платежни картички потрошиле 10,7 милиони евра и реализирале преку 660.000 трансакции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно