Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка од денес (26.10.2021 година) започна со исплата на пензиите за октомври

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на октомвриските пензии од денес (вторник – 26.10.2021 година). Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од денес и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

  • вторник 26.10.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари
  • среда 27.10.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
  • четврток 28.10.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
  • петок 29.10.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, од Комерцијална банка апелираат при посетата на филијалите и експозитурите на банката строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Министерството за економија го прогласи ХалкЕко проектот на Халкбанк за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“

Објавено

на

Проектот ХалкЕко на Халкбанк АД Скопје со кој се поттикнуваат здрави животни навики и грижа за природата, но и се зголемува шумскиот фонд и се реализираат други активности во насока на заштита на животната средина, од страна на Министерството за економија е прогласен за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка доби национална награда за општествена одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“

Објавено

на

За проектот „НЛБ Рамка за помош“, НЛБ Банка Скопје ја доби националната награда за најдобра општествено одговорна практика во категоријата „Вложување во заедницата“ кај големи претпријатија за 2021 година и признание за најинвентивна практика. „НЛБ Рамка за помош“ е програма иницирана и поддржана од НЛБ Групацијата која се спроведе на сите пазари во регионот на кои е присутна Групацијата и претставува уникатен проект за поддршка на микро и малите претпријатија во Ковид кризата. Проектот започна во првата пандемска година, 2020, а истиот продолжи и во 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип

Објавено

на

Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно