Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка од денес (26.1.2022 година) започна со исплата на пензиите за јануари

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од денес (26.01.2022 година) започна со исплата на јануарските пензии.

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од денес и може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

  • среда 26.01.2022 година, исплата на пензии до 11.000 денари
  • четврток 27.01.2022 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
  • петок 28.01.2022 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
  • понеделник 31.01.2022 година, исплата на пензии над 18.000 денари 

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, од банката апелираат при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Комерцијална банка наградена од ЕБОР за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Злато и сребро на Банкарските спортски игри за вработени во Комерцијална банка

Објавено

на

Силна мотивација, тимски дух и желба за победа – доволно за да остварат претставниците на Комерцијална банка низа успешни резултати на годинашните Банкарски спортски игри. Вработени во Комерцијална банка собраа златни и сребрени медали и покажаа и докажаа дека спортските вештини, засилени со цврста соработка и посветеност, се формула за успех. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно