Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка нуди втор период на одложена отплата на месечните обврски по кредитни изложености за население

Објавено

на

Заклучно со 30.09.2020 година завршува периодот на одложена отплата на месечните обврски по кредитни изложености за население, согласно ЈАВНА ПОНУДА број 09-600-15831/1 за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица.

Имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата, предизвикана од Ковид-19 врз економијата и врз животот на граѓаните, Комерцијална банка АД Скопје на корисниците на кредити, кредитни картички и/или дозволено пречекорување кои на 29.02.2020 година биле класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немале статус на нефункционална кредитна изложеност или, пак, биле одобрени во периодот од 01.03.2020 до 24.03.2020 година, ќе им овозможи втор период на одложена отплата на месечните обврски во периодот од 01.10.2020 до 31.03.2021 година, исклучиво доколку исполнувааат еден од следниве критериуми:

– намалени месечни приходи од 10% или над 10% во периодот на ковид-кризата споредено со месеците од пред ковид-кризата;

– престанок на работен однос во периодот на ковид-кризата;

– високи трошоци за лекување во периодот на ковид-кризата;

– отсуство на приливи на трансакциска сметка (плата и други приливи) во периодот на ковид-кризата споредено со месеците од пред ковид-кризата.

Сите корисници кои, согласно анализата на Банката, исполнуваат најмалку еден од горенаведените критериуми ќе бидат контактирани од страна на Комерцијална банка по електронски пат со доставување ИНДИВИДУАЛНА ПОНУДА за промена на договорни услови за кредитните производи на физички лица. Корисниците во рок од 10 дена од доставувањето на понудата  треба да се изјаснат дали ја прифаќаат понудата (електронски, на линк кој ќе го добијат со понудата, или писмено, на официјалната адреса на Банката). Доколку во предвидениот рок не се изјаснат, ќе се смета дека понудата ја одбиваат и продолжуваат со редовна отплата на кредитните обврски.

Сите останати корисници на кредитни производи кои нема да бидат контактирани од страна на Банката, а кои сметаат дека исполнуваат некои од критериумите за одложена отплата на месечните обврски, потребно е да поднесат писмено барање до Банката во најкраток можен рок на е-маил адресата: merki-covid19@kb.com.mk, со наведување на причините за потребата од одложување на отплатата. Барањата ќе се разгледуваат на индивидуална основа врз основа на презентирани документи и докази за намалени приходи, изгубено работно место или настанати потреби за лекување во изминатиот период. Сите барања за одложена отплата на обврските по истекот на важност на Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Сл.Вес.бр.80 од 27.03.2020 и Сл.Вес.бр.125 од 15.05.2020), а најдоцна до 30.09.2020 година, ќе се спроведуваат со писмени анекси кон договорите за кредитна изложеност и кон договорите за залог.

Корисниците кои ќе ја прифатат индивидуалната понудата може да продолжат со редовна отплата на обврските за кредитни производи и пред истекот на периодот од предложените 6 месеци врз основа на доставено барање до Банката по електронски пат на следната е-маил адреса:  merki-covid19@kb.com.mk

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка ги известува своите клиенти дека постави нов банкомат на следната локација: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка со промотивна поволност за своите клиенти – без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување

Објавено

на

РИЗИКО кредитното животно осигурување или осигурување живот на корисници на кредит е достапно во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје, во соработка со осигурителното друштво „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка постави нов банкомат за поголема достапност за клиентите

Објавено

на

Со цел да биде поблиску до своите клиенти и до нивните потреби, Шпаркасе Банка Македонија постави уште еден нов банкомат, на нова локација! (more…)

Продолжи со читање

Популарно