Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Комерцијална – банка на годината за 2018 година според читателите на “Bankarstvo”

Објавено

на

Оваа година за првпат на Bankarstvo.mk се спроведе анкета на која читателите имаа можност да гласаат за БАНКА НА ГОДИНАТА во 2018 година.

На анкетата читателите имаа можност да го изразат своето мислење и гласаат за банка на годината според 7 (седум) различни критериуми:

  1. воведување на нови производи и услуги (иновативност во работењето)
  2. каматни стапки и провизии
  3. однос на вработените кон клиентите
  4. достапност на филијали/експозитури и банкомати
  5. корисничка поддршка
  6. препознатливост на брендот
  7. социјална/општествена одговорност

На анкетата, која беше спроведена во периодот од 8 до 26 декември 2018 година се изјаснија вкупно 13.820 читатели.

Согласно анкетата, следниве банки се победници по категории:

Најдобра банка од аспект на воведување нови производи и услуги кои придонесуваат кон иновативно работење:

– НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ (3.512 гласови)

Банка која нуди најповолни каматни стапки на кредити, депозити и провизии за банкарско работење:

– ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ (3.342 гласови)

Банка со најдобри вработени од аспект на квалитетна и професионална услуга кон клиентите:

– КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ (3.499 гласови)

Банка која има најголем број на филијали/експозитури и банкомати:

– НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ (3.907 гласови)

Банка со најдобра корисничка поддршка:

– КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ (3.590 гласови)

Најдобра банка според препознатливост на брендот:

– НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ (3.694 гласови)

Банка која е најмногу препознатлива по општествена и социјална одговорност:

– СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ (3.400 гласови)

БАНКА НА ГОДИНАТА – 2018 година, со најмногу освоени гласови во сите категории:

– КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ (24.585 гласови)

Интересен е податокот што во сите категории вкупно 1.911 гласови се изјасниле за опцијата “ниту една”, односно дека ниту една банка не ја заслужува нивната доверба во соодветната категорија.

Домашни банки

„УНИБанка” одбележа 15 години во Гостивар

Објавено

на

„УНИБанка” го прослави својот 15-годишен јубилеј на својата експозитура во Гостивар со елегантен коктел во ресторанот „Мон Блан”. На настанот присуствуваа над 100 клиенти, партнери и пријатели на банката од градот и од регионот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кредит со осигурени побарувања како обезбедување – нов продукт од ПроКредит Банка

Објавено

на

Малите и средни претпријатија во Северна Македонија се еден од клучите двигатели на економијата. Нивниот раст и развој директно придонесува за позитивни ефекти врз стапката на вработување, конкуретноста на пазарот и зголемување на извозот. Со цел остварување на своите визии и иновативни проекти, овие компании имаат потреба од кредитирање на краткорочните ликвидносни потреби, олеснет пристап до финансии и можност за брзо кредитирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје, Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири, кој ќе се одржи на 20-ти април во Македонската Филхармонија. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange