Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка – најдобра компанија со добри практики за безбедни и здрави работни места

Објавено

на

Грижата на Комерцијална банка за задоволството и напредокот на своите вработени резултираше и со награда за освоено прво место за „Добри практики во областа на безбедни и здрави работни места во 2022 година, во категоријата услужни дејности“.

Комерцијална банка е избрана за најдобра компанија која реално и стручно инвестира и имплементира добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени, со што придонесува и за сопствен корпоративен развој.

Наградата се додели по повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедни и здрави работни места од страна на Здружението за безбедност при работа „28 Април“ од Скопје, Здружение на инженери за заштита „Тутела“ Скопје и Здружението за заштита при работа на општина Битола.

Оваа награда е уште еден поттик и мотив за Комерцијална банка да остане посветена на задоволството, успехот и благосостојбата на своите вработени, како и на јакнење на тимската работа затоа што заедничкиот успех е најголем успех.

Домашни банки

Намалување на каматните стапки на Халкбанк на кредити за физички лица

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје изврши намалување на каматните стапки на потрошувачкиот и хипотекарниот кредит наменети за физички лица и понуди атрактивни услови за станбениот кредит. Овие услови ќе важат во промотивен период  до 31 декември 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ФИКСНО СИ Е ФИКСНО“ – станбен и потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка со фиксна каматна стапка

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти, со најповолни услови. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ќе овозможи тргување со акции без провизија на „Инвеститорскиот ден“ на Македонската берза

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година ќе им овозможи на граѓаните еден ден да купуваат или да продаваат акции на Македонската берза без плаќање провизија за брокерски услуги. Со ова Банката ќе даде свој придонес за успешна реализација на четвртиот по ред „Инвеститорски ден“ на Македонската берза, што ќе се одржи на 13.09.2023 година (среда). (more…)

Продолжи со читање

Популарно