Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка најави 6 месечна поддршка на граѓаните во однос на обврските по кредитни производи

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје, на својата веб-страница www.kb.com.mk објави дека во текот на следната недела ќе истакне Јавна понуда за промена на условите за сервисирање на кредитната изложеност од страна на клиентите физички лица, со цел да се олесни финансискиот товар со кој се соочуваат или би можеле да се соочат како резултат на корона-кризата.

Оценка на Банката е дека сите физички лица, без оглед на моменталниот статус на вработување, редовен месечен прилив или тип на кредитна изложеност што го користат, директно или индиректно ќе почувствуваат финансиски последици од кризата. За таа цел, подготвуваме пакет мерки за клиенти кои ги исполнуваат критериумите пропишани од страна на НБРСМ и кои пред кризата немале потешкотии за отплата на обврските, а потоа ќе следат мерки и за клиентите кои пред кризата се  соочувале со потешкотии во отплатата, но поради кризата истите се интензивираат.

Олеснувањата од Јавната понуда ќе се однесуваат на сите кредитни производи за физички лица: кредити, кредитни картички и искористен дозволен минус на трансакциска сметка, како и кредитни картички за правни лица.

Воедно, од банката ги известуваат правните лица кои користат кредитна поддршка во Банката и се соочуваат со проблеми во работењето заради што им е потребна промена на договорните услови на кредитите, да се обратат во Секторот за кредитирање на стопанство, било во електронска форма или телефонски да ги контактираат соработниците за односи со клиенти на телефонските броеви објавени на веб-страницата.

Домашни банки

Осигурителни полиси за граѓаните на шалтерите на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка го збогати портфолиото на услуги што ги нуди со продажба на осигурителни полиси за население. Од 01.08.2020 година, во следниве експозитури и филијали на Банката може да купите полиси за неживотно осигурување од Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп и од Триглав осигурување АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Централна кооперативна банка започна со исплата на парични права од социјална заштита за јули

Објавено

на

Од денеска, 4-ти август 2020 година, во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, Централна кооперативна банка АД Скопје започна да врши исплата на парична помош од социјална и детска заштита за месец јули на корисниците кои помошта ја примаат на нивната денарска сметка во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Глигорие Гоговски го зголеми својот акционерски капитал во ТТК Банка

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Глигорие Гоговски, Претседателот на Надзорниот Одбор, се стекна со 2.000 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно