Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка може да процесира само готовински трансакции?

Објавено

на

Техничките проблеми со кои се соочува Комерцијална банка воопшто не се наивни, а за тоа доволно говори фактот дека во текот на денешниот ден воопшто не може да се процесираат безготовински налози од сметките со водечки слог 300 кои припаѓаат на банката.

Во текот на денешниот ден во функција се вратија веб страната, банкоматите и платежните картички.

Ве известуваме дека преку мрежата на филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје може да се вршат готовински трансакции за правни и физички лица“, изјавија од Комерцијална банка.

Во отсуство на било каква официјална информација во врска со настанатите технички проблеми, граѓаните се повеќе шпекулираат кои се можните причини поради ваквиот “дефект” со кој се соочува најголемата банка во нашата земја.

 

Домашни банки

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Мобилна апликација ХалкЕко

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во последниот квартал од 2019 година ја пушти во употреба новата мобилна апликација – ХалкЕко која има големо значење во однос на општествената одговорност на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка со известување за експозитура Скопје Ѓорче Петров

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека услугите на експозитуратa на Банката на бул. „Партизански одреди” бр. 171а  во општина Ѓорче Петров, Скопје ќе можат да ги користат заклучно со 31.1.2020 година (петок). Услугите преку банкоматот (исплата на средства, проверка на состојба на сметка, промена на ПИН итн.) и понатаму ќе бидат достапни на истата локација. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкоматот на ТТК Банка во градот Пробиштип

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека од 23.1.2020 година, банкоматот на банката во градот Пробиштип е поставен на нова локација во рамки на хотелот „Сан Нико“ на ул.„Јордан Стојанов“ бр. 2, Пробиштип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно