Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка и Mastercard® со донација од 10.000 евра за помош и грижа на деца со аутизам

Објавено

на

Новогодишните и Божиќните празници оваа година, како никогаш досега, ни ги предочија семејните вредности, почитувањето и одговорноста, бесценетоста на помагањето и на грижата за другите. Но, хуманите вредности и општествената одговорност се дел од принципите на деловната практика на Комерцијална банка во континуитет. Комерцијална банка помага, а победата е за сите.

Со истата мисија Комерцијална банка ја започна и новата година, а грижата и помошта овој пат се наменети за децата со аутизам. Банката и Mastercard® во својот проект по повод 25 години соработка обезбедија донација во вредност од 612.308 денари за четири здруженија кои се грижат за помош и поголема инклузивност на децата со аутизам. Финансиска помош добија Македонското научно здружение за аутизам, Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, Здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“ и Македонската асоцијација за Бочија Штип, за реализација на проекти кои треба да им помогнат на децата со аутизам и на нивните родители полесно да се справат со состојбата во која се наоѓаат, особено во услови на пандемија.

Хуманиот проект беше спроведен по повод 25 години од издавањето на првата Mastercard картичка од Комерцијална банка, која воедно беше и првата Mastercard картичка во нашата земја. Kампањата „Комерцијална банка и Mastercard® – Заедно за нешто бесценето“ се реализираше во периодот од 15 декември до 8 јануари.

Додека клиентите на Банката уживаа во празничното пазарување, Комерцијална банка за секоја нивна трансакција направена со картичките Mastercard од Комерцијална банка на продажни места или онлајн од сопствени средства издвојуваше за донација за деца со аутизам.

Домашни банки

Какви се очекувањата на Охридска банка за спојувањето со Шпаркасе Банка Македонија и влијанието на Ковид пандемијата во 2021 година

Објавено

на

Во ноември 2019 година успешно беше завршен процесот на превземање на Охридска банка, со што Банката стана дел од реномираната Штајермеркише Банк и Шпаркасен, АД Грац, Аустрија и пошироко Ерсте групација. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Колку се платени членовите на Надзорниот одбор на Комерцијална банка?

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје најави дека Годишното собрание на банката, ќе се одржи на 29.03.2021 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Коронавирусот ја “стопи” добивката на Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Билансот на состојба на Охридска банка АД Скопје на крајот од 2020 година изнесува 45.302 милиони денари и споредено со крајот на 2019 година, е на повисоко ниво за 2.968 милиони денари или за 7,0% со остварување на планот од 108%, со најголем придонес
од порастот на депозитите и повлечени средства по основ кредитни линии од финансиски институции. (more…)

Продолжи со читање


Популарно