Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка и ФИТР обезбедија поповолни и подостапни производи и услуги за микро, мали и средни претпријатија

Објавено

на

Комерцијална банка и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за соработка, со кој финансиските средства и услуги на Банката стануваат уште поповолни и подостапни за микро, мали и средни претпријатија, вклучувајќи ги и старт-ап компаниите. Со својата понуда Комерцијална банка на компаниите од овој сегмент ќе им обезбеди не само можност за финансиска поддршка на нивните инвестициони проекти, туку и совети и редица други поволности при користење производи и услуги на Банката.

Понудата вклучува можност за финансирање на сопственото учество на компаниите-корисници на грант од ФИТР или за финансирање успешно оценети инвестициони проекти кои не користат грант од ФИТР поради ограничени средства на Фондот. Комерцијална банка ќе им овозможи кредитна поддршка на овие правни лица со намалени каматни стапки во однос на каматната политика на Банката.

Како клиенти на Комерцијална банка тие ќе добијат можност без надомест да отворат основна/наменска сметка и без дополнителна претплата да користат Интернет банка и мобилно банкарство. Истовремено, во првите три месеци бесплатно ќе може да вршат интерни плаќања во домашниот платен промет. На располагање им е и дебитна картичка за правни лица, која ќе им биде достапна без годишен надомест по основ на членарина во првата година. Девизниот платен промет им е достапен со значително намалени надоместоци, а повластени провизии ќе добијат и за пречекорување (оverdraft) на трансакциската сметка на компанијата.

За комплетирање на корисничкото искуство, клиентите на Комерцијална банка имаат и привилегија да добијат обука за Интернет банка и мБанкаКо, како и за платформа за електронска трговија. Бесплатни и секогаш на располагање им се бизнис советите од нашите вработени за кредитно-гаранциско работење и за финансирање на надворешната трговија при склучување извозни или увозни зделки.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно