Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка и ЕБРД со нова кредитна линија: 2 милиони евра за поттикнување на малите бизниси

Објавено

на

Со нова кредитна линија од 2 милиони евра Комерцијална банка ќе ги поддржи малите и средните претпријатија за поттикнување на нивните бизниси во пост-ковид периодот. Кредитната линија е обезбедена од Европската банка за обнова и развој, а е дел од новата Програма на ЕБОР за поддршка на малите и средните фирми со цел опоравување на малите бизниси по забавениот раст предизвикан од пандемијата.

Договорот за кредитот беше потпишан денеска за време на Годишното собрание на ЕБОР во Маракеш, Мароко, со што Комерцијална банка е првата банка од земјава што се приклучи на оваа Програма.

Комерцијална банка ќе ги намени средствата за кредитирање мали фирми со цел да им овозможи инвестиции во зелени технологии и во подобрување на стандардите, процесите и на нивната конкурентност на домашниот и на меѓународниот пазар преку усогласување со меѓународните и стандардите на ЕУ.

„Продолжуваме со нашите напори за поддршка на домашната економија во пост-пандемискиот период. Ни претставува задоволство што можеме да им помогнеме на малите и средните претпријатија со кредитната линија од ЕБОР во износ од 2 милиони евра. Особено ни е драго што средствата од оваа кредитна линија се примарно наменети за инвестиции во зелена технологија и конкурентност, што е во согласност со нашата посветеност за поддршка и придонес за развој на одржливи бизниси“, изјави Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Франсис Малиж, Генерален директор на Групацијата за финансиски институции на ЕБОР, истакна дека „им претставува задоволство што можат заедно со Комерцијална банка Скопје повторно да пружат поддршка на локалните мали и средни претпријатија“.

„Средствата ќе им помогнат на малите бизниси да инвестираат во современи технологии и да се опорават од негативните ефекти предизвикани од пандемијата“, изјави Малиж.

Околу 70% од поддршката преку оваа Програма ќе бидат алоцирани за инвестиции во заштеда на енергија и зелени технологии, додека останатиот дел е за поддршка на инвестиции во автоматизација, зголемување на продуктивноста, квалитетот и безбедноста на производите.

Дополнителна корист за претпријатијата ќе биде грант компонентата, која достигнува до 15% од износот на кредитот. Грантовите се финансирани од Норвешка, Луксембург и САД, како и од други донатори кои се очекува да учествуваат во поддршката.

Комерцијална банка е долгорочен партнер на ЕБОР во поддршката на малите и средните претпријатија во земјава и досега има пласирано кредити во износ од над 7 милиони евра преку Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 24 мај 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24 мај (среда) 2023 година заради празнување на Св. Кирил и Методиј. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силните резултати на ПроКредит Групацијата во Q1 ги нагласуваат среднорочните позитивни перспективи

Објавено

на

  • Резултатот од 29,5 милиони ЕУР соодветствува на солиден Поврат на капитал (RoE) од 13,3% и, според тоа, е во согласност со среднорочните насоки на групацијата;
  • Добриот развој на нето каматната маржа до 3,4% и умерениот трошок на ризикот од 12 основни поени се клучни фактори за резултатите;
  • ПроКредит Банка Украина има умерен придонес кон резултатот на групацијата, демонстрирајќи ја својата структурна сила без оглед на проблематичното опкружување; ПК без Украина е на добро ниво од 11,6%;
  • Kоефициентот на трошочна ефикасност, усогласен за непериодичните ефекти е на ниво од 57,0% и, според тоа, 2,5 процентни поени под нивото од претходната година;
  • Растот на депозитите изнесува 0,6%; кредитното портфолио бележи мал пад од 0,8%, со дополнителни подобрувања на квалитетот на портфолиото;
  • Континуиран фокус на зелени кредити; тековниот удел од 20,2% во вкупното кредитно портфолио е зацртано да расте до 25% среднорочно;
  • Коефициентот на редовен основен капитал на ниво 1 (CET1) изнесува 14,1%; значајното зголемување од 0,7 пп во Q1 е поттикнато од натамошниот раст на ефикасноста на активата пондерирана според ризикот (RWA)

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Како најдобро да се подготвите за патување?

Објавено

на

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура. (more…)

Продолжи со читање

Популарно