Домашни банки
Комерцијална банка исплати дивиденда за 2020 година, кој се „офајди” најмногу!?

Комерцијална банка АД Скопје денес (24.8.2021 година) започна со исплатата на дивиденда за 2020 година.
Одличниот финансиски резултат од претходната година придонесе Собранието на акционери на банката уште на почетокот на годината да донесе Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.911,9 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 60% од номиналната вредност на акцијата, односно по 600 денари бруто на една акција или 540 денари нето износ.
Акционерите кои поседуваат трансакциски сметки во Комерцијална банка веќе ја имаат добиено дивидендата, додека акционерите кои имаат сметки во други банки ќе ја добијат својата дивиденда до крајот на денот.
Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.
Согласно член 85, став 11, од Законот за данокот на личен доход, пресметката на данокот на доход од дивиденда остваренa со учество во добивката во 2020 година, a исплатена во 2021 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата.
Во меѓувреме, Комерцијална банка продолжи да бележи одлични резултати и во периодот од 01.01-30.06.2021 година од своето работење Банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 828,3 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 743,3 милиони денари што претставува зголемување за 11,4%.
Одличното работење на Комерцијална банка е добредојдено за акционерите на Банката кои денес убаво ќе се „офајдат” од дивидендата. Банката има вкупно 5.207 акционери запишани во книгата за иматели на акции во ЦДХВ. Вкупниот број на издадени акции е 2.279.067.
Но, се поставува прашањето кој ќе го добие најголемиот колач од дивидендата која е во процес на исплата?
Најголем акционер во Комерцијлна банка е Адора Инженеринг. Градежната компанија во сопственост на Ванчо Чифлиганец заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје. Тоа значи дека доколку за една акција Банката ќе исплаќа 540 денари нето, Адора Инженеринг и Ванчо Чифлиганец ќе заработат неверојатни 3 милиони евра.
Од дивиденда добро ќе заработи и првиот човек на Комерцијална банка АД Скопје, г-н Хари Костов, кои согласно информациите поседува 20.000 акции од банката или 0,877% од вкупниот број акции.
Тоа значи дека акциите коишто ги поседува на г-дин Хари Костов ќе му донесат приход по основ на дивиденда од 10,8 милиони денари, ако се знае дека за една акција Комерцијална банка ќе исплати нето износ од 540 денари.
Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство