Домашни банки
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за ноември започнува на 26.11.2021 година


Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на ноемвриските пензии од петок, 26.11.2021 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:
- петок 26.11.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари
- понеделник 29.11.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
- вторник 30.11.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
- среда 01.12.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари
За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, од Комерцијална банка апелираат при посетата на филијалите и експозитурите строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола доделува бесплатни влезници за ЗОО Скопје


Стопанска банка а.д. Битола е верен пријател на Скопската зоолошка градина. Со посебна акција ја изразува поддршката на едно од најубавите и највеселите места за забава во градот. (more…)
Business Man
Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје
Домашни банки
НЛБ Банка пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025”


НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025” кој се одржува во Скопје. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје