Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јуни започнува на 29.06.2021 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од утре, (29.06.2021 година – вторник), ќе започне со исплата на јунските пензии. На пензионерите кои имаат активна дебитна картичка пензијата ќе им биде на располагање истиот ден и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

  • вторник, 29.06.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари;
  • среда, 30.06.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари;
  • четврток, 01.07.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари;
  • петок, 02.07.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари.

Пензионерите при подигање на своите пензии на шалтер можe да побараат:

  • Бесплатна дебитна картичка
  • Пристап до бесплатната услуга Интернет банка
  • Отворање трајни налози за плаќање сметки за комуналии

Од Комерцијална банка потсетуваат дека клиентите при посета на шалтер, заради заштита на своето и здравјето на вработените, мора задолжително да ги следат сите пропишани мерки за заштита и превенција од вирусот Covid-19 – држење на пропишаното минимално растојание, носење заштитна маска, марама или шал и задолжителна дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

Објавено

на

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со целата своја уметничка вредност годинава се враќа во Битола со своето 42-ро издание. Филмските уметници и нивните љубители од 16 до 21 септември во Битола, преку една хибридна форма, ќе имаат можност да уживаат во програмата на фестивалот која содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно