Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за октомври започнува на 27.10.2020 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за октомври од вторник, 27.10.2020 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од вторник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

  • вторник 27.10.2020 година, исплата на пензии до 11.000 денари
  • среда 28.10.2020 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
  • четврток 29.10.2020 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
  • петок 30.10.2020 година, исплата на пензии над 18.000 денари

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од корона вирусот на сите корисници на банкарски услуги, банката апелира при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно