Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Комерцијална банка издвои 1,78 милијарди денари за дивиденда!

Објавено

на

Денеска, 04.04.2019 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2018 година со бруто-добивка во износ од 1.992,7 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 212,4 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 1.780,3 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.780,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 42% од номиналната вредност на акцијата, односно по 420 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 500 милиони денари да се издвои во резерви, а 323 милиони денари во задржана добивка.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2018 година, како и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза во 2018 година.

Домашни банки

Крадците украле 150.000 евра од филијалата на НЛБ Банка во Чаир

Објавено

на

По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10:36 часот во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, Банката ја информира јавноста дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки кредит за сите ваши желби од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од 16.04.2019 година започнува со понуда на најповолни готовински кредити со ЕУР клаузула до 30.000 евра без жиранти, со фиксна годишна каматна стапка од 4.9% за првите две години. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Грабеж во филијала на НЛБ банка во Чаир

Објавено

на

Денес, во 10 часот и 36 минути извршен е грабеж на филијала на НЛБ Банка во скопската населба Чаир. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange