Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Комерцијална банка известува за пријавена лажна наградна игра

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во врска со неодамнешниот обид за манипулирање на јавноста преку лажна страница и наградна игра на Facebook, ја известува јавноста дека, со оглед дека е злоупотребено името на Комерцијална банка АД Скопје, Банката го пријави случајот во Министерството за внатрешни работи.

Сепак, Банката нема ингеренции да пријавува за други злоупотребени субјекти, ниту има ингеренции да спроведува приватни истраги. Доколку експлицитно сте ги споделиле Вашите лични податоци и имате објективни сомневања дека истите можат да бидат предмет на злоупотреба, Пријавата треба официјално да ја упатите до Дирекцијата за заштита на лични податоци и Министерството за внатрешни работи.

Комерцијална банка АД Скопје нагласува дека нема никаква врска со лажната наградна игра, во моментов не организира наградна игра преку Facebook и во блиска иднина нема да организира таква наградна игра.

Банката Ве советува да бидете исклучително внимателни со Вашите лични податоци, особено додека сте на Интернет. Комерцијална банка АД Скопје никогаш нема да побара да споделите лични и други податоци од доверлив карактер (матични броеви, адреси, ПИН кодови, лозинки, броеви на сметки, картички и сл.) преку социјалните мрежи.

Комерцијална банка се оградува од сите лажни страници и профили на социјалните мрежи кои неовластено го користат нејзиното име. Доколу сакате редовно да се информирате за сите новитети и да поставувате прашања, следете ги официјалните страни на Комерцијална банка АД Скопје на следните социјални мрежи:

 

Домашни банки

Крадците украле 150.000 евра од филијалата на НЛБ Банка во Чаир

Објавено

на

По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10:36 часот во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, Банката ја информира јавноста дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки кредит за сите ваши желби од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од 16.04.2019 година започнува со понуда на најповолни готовински кредити со ЕУР клаузула до 30.000 евра без жиранти, со фиксна годишна каматна стапка од 4.9% за првите две години. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Грабеж во филијала на НЛБ банка во Чаир

Објавено

на

Денес, во 10 часот и 36 минути извршен е грабеж на филијала на НЛБ Банка во скопската населба Чаир. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange