Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка: Здружението на оштетени штедачи врз основа на погрешни информации изнесува неточни заклучоци за докапитализацијата на Еуростандард банка

Објавено

на

За докапитализацијата на Еуростандард банка во 2019 година, на барање на г-динот Трифун Костовски и без никакво посредништво на НБРСМ, Комерцијална банка ѝ одобри кредит во износ од 10 милиони евра на неговата фирма Гофи, кој беше обезбеден со приходи од идна продажба на Еуролинк осигурување. Впрочем, ова беше објавено и како ценовно чувствителна информација од Комерцијална банка на Македонската берза. По продажбата на осигурителната компанија, кредитот на Комерцијална банка ѝ беше уредно вратен. Во документацијата на Еуростандард банка (во стечај), Здружението на штедачите точно може да види дека залогот на Еуростандард во Комерцијална банка од 3 милиони евра нема никаква поврзаност со докапитализацијата.

Врз основа на погрешни и невистинити информации за извршената докапитализација на Еуростандард банка во 2019 година Здружението на оштетени штедачи Правда за штедачи доаѓа до погрешни заклучоци и во повеќе наврати, веруваме несвесно и ненамерно, ја дезинформира јавноста. 

Доколку сакаат да бидат на страната на вистината, во документацијата за работењето на Еуростандард банка (во стечај), до која очигледно имаат пристап и на која многу често се повикуваат во своите тврдења, Здружението може да види како и во колку наврати Комерцијална банка излегла во пресрет на потребите на Еуростандард банка со цел да ѝ помогне на банката да го избегне најлошото сценарио.

За докапитализацијата на Еуростандард банка во 2019 година, на барање на г-динот Трифун Костовски и без никакво посредништво на НБРСМ, Комерцијална банка ѝ одобри кредит во износ од 10 милиони евра на неговата фирма Гофи, а како залог беа ставени 3.200 акции од Еуролинк осигурување, односно беше обезбеден со приходи од идна продажба на осигурителната компанија. Впрочем, ова беше објавено и како ценовно чувствителна информација од Комерцијална банка на Македонската берза. По продажбата на Еуролинк осигурување, кредитот на Комерцијална банка ѝ беше уредно вратен. Всушност, со овие средства од Комерцијална банка и со барањето на НБРСМ за зголемување на капиталот сега, во крајна линија, оштетените штедачи на Еуростандард банка имаат поголема основица од која можат да ги наплаќаат своите побарувања. Факт е дека Комерцијална банка им го одобри овој кредит кога ниту една друга банка во земјава не сакаше тоа да го стори. 

Во документацијата на Еуростандард банка (во стечај), Здружението на штедачите точно може да види дека залогот од 3 милиони евра на Еуростандард во Комерцијална банка нема никаква поврзаност со докапитализацијата. Тоа е всушност обезбедување за поединечни кредити дадени од Еуростандард банка на нејзини клиенти. Во моментот кога овие клиенти не ги вратија кредитите, Комерцијална банка си ги наплати побарувањата.

Затоа е крајно тенденциозно и злонамерно да се спомнува Комерцијална банка без никаков основ и без проверени информации во различни контексти, а се со намера да се прикаже извртена слика на реалните случувања во Еуростандард банка. Тоа веројатно е и причината зошто честопати при спомнување на клиенти на Еуростандард банка се истакнува дека имале депонентна сметка и во Комерцијална банка, без да се земе предвид фактот дека тие имале депонентни сметки и во други банки, а не само во Комерцијална.

Искрено веруваме дека Здружението сака стечајната постапка на Еуростандард банка да се заврши брзо и ефикасно. Затоа ги упатуваме да ја проверат и потврдат правната издржаност на информациите што ги пласираат во јавноста и да се ослободат од потребата неосновано да обвинуваат субјекти кои не придонеле со ништо за отворање стечајна постапка во Еуростандард банка.

Домашни банки

(ВИДЕО) Сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

Објавено

на

Двајца сопственици на УНИБанка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт „bird.bg” од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Тодоров Минев кои имаат по 36,45% од сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка по 16-ти пат спонзор на „Златно славејче“

Објавено

на

„Златните славејчиња“ годинава повторно ќе застанат на сцена и ќе ги отпеат своите хитови во чест на 50-от роденден на Фестивалот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Прогласени победниците од Social Impact Award 2021

Објавено

на

Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021. (more…)

Продолжи со читање



Популарно