Домашни банки
Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија


Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје.
Донацијата е дел од Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност. Програмата досега поддржа 2.500 домаќинства во Северна Македонија.
„Комерцијална банка е горда на своето учество во реализацијата на ГЕФФ Програмата со кредитна поддршка за домаќинствата да ги намалат потрошувачката на енергија и загадувањето на животната средина. Придонесот на Банката е значаен бидејќи има за цел да создаде подобар свет за сегашните и идните генерации и за да ја сочува планетата Земја”, изјави д-р Маја Стевкова Штериевa, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија, изјави дека подобрувањето на енергетската ефикасност води кон помало користење на енергија, помали сметки, и општо земено, подобар квалитет на живот.
„Драго ни е што домаќинствата во Северна Македонија имаа можност да ги почувствуваат бенефитите од GEFF Програмата. Северна Македонија покажа голем интерес за инвестирање во технологии за енергетска ефикасност, со над 18 милиони евра потврдени инвестиции во изминативе четири години“, истакна Аранитаси и се заблагодари на сите партнери на проектот.
ГЕФФ Програмата е креирана од ЕБОР и ко-финансирана од ЕУ, а досега има поддржано над 10.000 домаќинства во регионот и е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност (Regional Energy Efficiency Programme-REEP) за Западен Балкан. Со цел да се обележат резултатите од GEFF Програмата и да се даде придонес во борбата со климатските промени, ЕБОР, ЕУ и Австрија ќе засадат дрвја во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје