Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за ноември од денес (вторник – 29.11.2022 година). Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од вторник 29.11.2022 година и може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

  • Вторник, 29.11.2022 година, исплата на пензии до 11.000 денари,
  • Среда, 30.11.2022 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,
  • Четврток, 01.12.2022 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,
  • Петок, 02.12.2022 година, исплата на пензии над 18.000 денари.

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, од Комерцијална банка апелираат при посетата на филијалите и експозитурите на Банката строго да се почитува наведениот распоред, да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

Домашни банки

Комерцијална банка со донација на 6.000.000 денари ќе помогне за спас на преживеаните по разорните земјотреси во Турција и во Сирија

Објавено

на

„Нашите мисли се со семејствата на настраданите од разорните земјотреси во Турција и во Сирија, на кои им изразуваме длабоко сочувство и се молиме за спас на луѓето кои сѐ уште се под урнатините”, велат од Комерцијална банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Во Халкбанк отворена донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Туркије

Објавено

на

Во Халкбанк АД Скопје отворена е донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш-Пазарџик во Туркије. Сите кои сакаат да донираат средства, уплатата можат да ја направат на сметката 270-0641538507-69, со назнака МАТТО ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО РЕПУБЛИКА ТУРКИЈЕ. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги зголеми платите на своите вработени во просек за 14%

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката. Со ова Банката уште еднаш ја потврди својата грижа за обезбедување континуиран развој и мотивација на вработените кои се еден од главните чинители на успешното работење на банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно