Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка започна со издавање Домашна платежна картичка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од денеска (18 јуни) започна со издавање Домашна платежна картичка.

Целосно посветена на заштита на здравјето на клиентите и на вработените во услови на пандемија со вирусот Ковид-19, Банката со СМС порака ќе ги извести корисниците за кои има валиден телефонски број дека нивната платежна картичка е изготвена и дека истата може да се подигне во една од специјално наменетите експозитури.

Секое лице кое, согласно владината Уредба со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници, треба да добие платежна картичка „Купувам домашно“ преку Комерцијална банка, и за кое Банката има валиден телефонски број за контакт ќе биде известено кога, како и каде може лично да си ја подигне.

Kорисниците имаат можност да проверат дали нивната картичка е изготвена и во која експозитура или филијала треба да ја подигнат, како и да ја проверат состојбата на расположиви средства, на следниот линк.

Платежните картички веќе се дистрибуирани во експозитури во Скопје, Куманово, Тетово, Кичево, Ресен, Струмица, Богданци, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Велес, Штип, Радовиш, Свети Николе, Кочани, Делчево, Пехчево, Виница и Македонска Каменица, а во текот на утрешниот ден ќе се дистрибуираат и до другите градови. Работното време на експозитурите кои ќе издаваат Домашна платежна картичка може да го погледнете на следниот линк.

Платежните картички „Купувам домашно“ ќе бидат дистрибуирани до сите корисници најдоцна до 18.07.2020 година.

Сите информации во врска со постапката и потребните документи за издавање на платежната картичка „Купувам домашно“ од страна на Комерцијална банка се достапни на следниот линк.

Од Комерцијална банка истакнуваат дека картичката се издава лично на корисникот на финансиската помош, кој со себе треба да носи важечки документ за идентификација (лична карта или пасош), а за малолетно лице без документ за идентификација задолжително е присуство на родител/старател и поседување извод од матична книга на родени.

Финансиската поддршка од домашната платежна картичка ќе може да се користи од денот на приемот заклучно со законски предвидениот рок од страна на Владата на РСМ (15.08.2020) и исклучиво со картичката „Купувам домашно“.

Домашни банки

Македонско кредитно биро склучи договор со Силк Роуд Банка АД Скопје за продажба на сопствени извештаи за физички и правни лица

Објавено

на

Македонско кредитно биро започна соработка со Силк Роуд Банка АД Скопје за шалтерска продажба на Сопствен извештај за физички и Сопствен извештај за правни лица. Граѓаните и компаниите сега ќе можат да се информираат преку банките за бенефитите од сопствениот извештај, со што значително се подобрува пристапот до услугите и информациите на бирото. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе банка го започнува третиот циклус од програмата „Чекор по чекор“ за поддршка на старт-ап бизниси

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија го објави почетокот на третиот циклус од програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка на старт-ап бизнисите во Република Северна Македонија. Преку оваа програма Шпаркасе Банка Македонија веќе трета година по ред на стартапите им овозможува пристап до потребните финансиски средства за развој на нивните микро и мали компании, како и вклучително едукација и менторство за правилен развој и одржливост на бизнис-идеите.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Здружението „Правда за штедачи” со барање за поддршка од Претседателот Стево Пендаровски за носење на конечна Одлука

Објавено

на

Здружението „Правда за штедачи“ ги презентираше информациите од остварената средба со Претседателот Стево Пендаровски. (more…)

Продолжи со читање


Популарно