Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка една од трите најтргувани компании во постоењето на Македонската берза

Објавено

на

Честа и гордоста на Комерцијална банка АД Скопје како една од трите најтргувани компании во 25-годишното постоење на Македонската берза за хартии од вредност се огромни како поради постигнатиот успех, така и поради придонесот на Банката во растот и развојот на македонскиот пазар на капитал.

По повод 25-годишниот јубилеј на сите кои беа дел од Македонската берза, Комерцијална банка им упатува најсрдечни честитки. За Комерцијална банка е од исклучителна важност Берзата и во иднина да се развива бидејќи Банката не само што е главната blue chip компанија на пазарот, туку е и активна членка и акционер.

Комерцијална банка има стратешка цел да биде котирана на Македонската берза на сегментот суперкотација, каде во моментот е единствена компанија, да ги почитува највисоките стандарди за известување на јавноста, активно да учествува на инвестициските конференции и во развојните проекти што ги иницира и реализира Македонската берза.

Досегашната 25-годишна соработка помеѓу Комерцијална банка и Македонската берза потврди дека интересот и потребата од постоење ефиканска и транспарентна берза се од обострано значење. Комерцијална банка придонесе за развојот на пазарот на капитал со максимална одговорност кон акционерите. Од друга страна, Берзата ѝ овозможи на Комерцијална банка не само зголемена компаниска видливост, туку и поголемо чувство на сигурност, како кај акционерите, така и кај клиентите кои не се акционери бидејќи се информирани за работењето на банката.

Анализи

БАНКАТА НА ГОДИНАТА ОСТВАРИ РЕЗУЛТАТ КОЈ ГО ОПРАВДУВА ОВОЈ ЕПИТЕТ – Комерцијална банка оствари фантастична добивка од 37,5 милиони евра во 2021 година!

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Очекувања на менаџментот на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка веќе втор ден предвремено ги исплаќа јануарските пензии

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од 26.01.2022 (среда), во тек е предвремената исплата на јануарските пензии за пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно