Домашни банки
Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

Лекциите, наставниците и другарчињата сега се достапни за 46 ученици на кои Комерцијална банка АД Скопје им донираше лаптопи со цел да им овозможи да ја следат наставата онлајн. На талентираните и желни за учење дечиња од основни и средни училишта од 14 општини во земјава им беа предадени лаптопите од страна на вработени во Банката со желба да имаат успех во учењето во овие вонредни услови и да останат посветени на своето образование и понатаму во животот.
Комерцијална банка оваа година одлучи наместо за репрезентативен материјал по повод Новогодишните празници да одвои средства за донација на лаптопи на ученици. Со тоа, Банката, како општествено одговорна компанија, во услови на глобална пандемија го даде својот придонес и за обезбедување достапно и квалитетно образование на деца кои досега немаа таква можност.
Ова не е првпат Комерцијална банка да го поддржува образовниот процес во земјава. Досега се донирани стотици компјутери за потребите на повеќе училишта. Банката е редовно посетувана од ученици кои од нашите вработени учат за парите, нивното одговорно трошење и штедење. Комерцијална банка е партнер на повеќе образовни институции во овозможувањето пракса за ученици и студенти, со цел и практично да им го доближи финансиското работење.
„Финансиската училница“ на Комерцијална банка, пак, за една година реализираше предавања на 520 деца во 11 средни и три основни училишта, на кои им пренесе финансиско знаење и информации за тоа како правилно да ги користат финансиските производи.
Банката останува посветена на својата мисија за помагање и унапредување на образовниот процес бидејќи децата се носителите на идниот развој во државата.
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка