Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје денес (27.4.2022 година) започна со исплатата на дивиденда за 2021 година.

Одличниот финансиски резултат од претходната година придонесе Собранието на акционери на банката да донесе Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.413,1 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 62% од номиналната вредност на акцијата, односно по 620 денари бруто на една акција или 558 денари нето износ.

Акционерите кои поседуваат трансакциски сметки во Комерцијална банка веќе ја имаат добиено дивидендата, додека акционерите кои имаат сметки во други банки ќе ја добијат својата дивиденда до крајот на денот.

Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.

Согласно член 85, став 11, од Законот за данокот на личен доход,  пресметката на данокот на доход од дивиденда остваренa со учество во добивката во 2021 година, a исплатена во 2022 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата.

Сепак, се поставува прашањето зошто и покрај фантастичниот резултат и зголемената добивка за 20,5% на Комерцијална банка АД Скопје за 2021 година која изнесуваше 2.304,3 милиони денари или 37,5 милиони евра, дојде до драстично намалување на дивидендниот принос!?

Дивидендниот принос годинава изнесува 5,29% и е намален за речиси 3 проценти во споредба со претходната година кога тој изнесуваше 8,22%.

Иако дивидендниот принос е намален, одличното работење на Комерцијална банка е добредојдено за акционерите на Банката кои денес убаво ќе се „офајдат” од дивидендата. Банката има над 5.200 акционери запишани во книгата за иматели на акции во ЦДХВ. Вкупниот број на издадени акции е 2.279.067.

Но, се поставува прашањето кој ќе го добие најголемиот колач од дивидендата која е во процес на исплата?

Најголем акционер во Комерцијлна банка е Адора Инженеринг. Градежната компанија во сопственост на Ванчо Чифлиганец заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје. Тоа значи дека доколку за една акција Банката ќе исплаќа 558 денари нето, Адора Инженеринг и Ванчо Чифлиганец ќе заработат неверојатни 190,7 милиониденари или 3,1 милиони евра.

Од дивиденда добро ќе заработи и првиот човек на Комерцијална банка АД Скопје, г-н Хари Костов, кои согласно информациите поседува околу 21.000 акции од банката или приближно 0,92% од вкупниот број акции.

Тоа значи дека акциите коишто ги поседува на г-дин Хари Костов ќе му донесат приход по основ на дивиденда од 11,7 милиони денари, ако се знае дека за една акција Комерцијална банка ќе исплати нето износ од 558 денари.

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Популарно