Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка: Да им дадеме предност на пензионерите

Објавено

на

Од понеделник (27 април) до четврток (30 април), Комерцијална банка АД Скопје предвремено ќе ги исплаќа пензиите за април и во тие денови очекува зголемен број на клиенти пред и во експозитурите. Со цел да се избегнат гужвите и да се заштити здравјето на најранливата категорија сограѓани – највозрасните, Банката апелира останатите клиенти кои немаат неодложна потреба од посета на банка, да бидат солидарни и утринските часови да им ги отстапат на пензионерите. Со тоа ќе помогнат во намалување на гужвите, особено во периодот од 8 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години.

За пензионерите кои не користат платежни картички, исплатата ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата:

🔴 понеделник 27.04.2020 г. исплата на пензии до 11.000 ден.
🔴 вторник 28.04.2020 г. исплата на пензии од 11.001 ден. до 14.000 ден.
🔴 среда 29.04.2020 г. исплата на пензии од 14.001 до 18.000 ден.
🔴 четврток 30.04.2020 г. исплата на пензии над 18.000 ден.

Комерцијална банка апелира строго да се почитува распоредот со цел да се намалат редиците и да се заштити колективното здравје.

Банката потсетува дека клиентите кои ќе ги посетат експозитурите, мора задолжително да ги следат сите пропишани мерки за заштита и превенција – држење на пропишаното минимално растојание, носење заштитна маска, марама или шал и задолжителна дезинфекција на рацете.

Пензионерите кои немаат дебитна картичка и поради тоа ќе мораат да ја подигнат пензијата преку шалтерите, при оваа нивна посета ќе можат во поедноставена постапка да побараат некоја од следните услуги со кои ќе ја намалат потребата од посета на банка:

🔴 Бесплатна дебитна картичка Visa Debit
🔴 Пристап до бесплатната услуга Интернет банка
🔴 Отворање трајни налози за плаќање сметки за комуналии

Со трајниот налог сметките ќе им бидат секогаш навремено платени без да доаѓаат во банка, со што Комерцијална банка ќе им помогне да останат дома и да се заштитат од ризик. За тоа ќе биде доволно при нивното доаѓање на шалтер ДА ГИ ДОНЕСАТ СМЕТКИТЕ ЗА ЈАВНИ УСЛУГИ (струја, парно, вода, телефон), а вработените во Банката ќе им ги објаснат сите можности кои се на располагање.

Да ги заштитиме најранливите. Да го заштитиме јавното здравје.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно