Домашни банки
Комерцијална банка го исплати првиот грант од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП (WeB-SME-CSP) во соработка со ЕБРД И ЕУ


Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Европската Унија (ЕУ-ИПА Фондови) на 19.12.2019 година ја исплати првата стимулација (грант) од Програмата за унапредување на конкурентноста кај малите и средните претпријатија.
По само 11 месеци од склучениот договор помеѓу Комерцијална банка АД Скопје и ЕБРД за учество во Програмата за унапредување на конкурентноста кај МСП компаниите исплатена е првата стимулација во висина од 52.350 евра. Грантот е наменет за успешно имплементираниот инвестициски проект за набавка на машина за дување и на алатка/калапи за ПЕТ-преформација.
Новонабавените машина и алатка го намалуваат создавањето отпад, а здравствените и безбедносните услови на работното место се подобруваат бидејќи процесот сега е целосно автоматизиран, со што се елиминира ризикот од повреди, особено заради значителното намалување на бучавата. Со оваа инвестиција компанијата усогласи широк спектар на стандарди со ЕУ-Директивите кои се однесуваат на безбедноста на храната, отпадот и на здравјето и безбедноста.
Во моментов, искористеноста на Програмата во Комерцијална банка АД Скопје е 70%. Целта на Програмата е поддршка во финансирање микро, мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија за подобрување на конкурентноста и усогласување на техничките стандарди со ЕУ законодавството (EU Acquis Communautaire) во полето на заштита на животната средина, безбедноста на работниците, квалитетот и безбедноста при работа. Стимулацијата и бесплатната техничка поддршка понудени во рамките на оваа Програма се финансирани со средства од Европската Унија.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје