Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка го има банкарскиот лек за Ковид-19, оствари неверојатни 29,4 милиони евра добивка во 2020 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.12.2020 година Комерцијална банка од своето работење оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1.912,0 милиони денари наспроти остварената нето добивка за претходната година во износ од 1.806,8 милиони денари, такашто истата е зголемена за 5,8%. Планираната бруто-добивка за 2020 година е остварена со 105,4%.

Остварената добивка пред исправка на вредноста, е за 33,4% поголема во однос на истиот период минатата година. Значителното зголемување на добивката пред исправка на вредноста главно произлегува од зголемувањето на останатите приходи, односно приходите од капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања од клиентите Прототип ДООЕЛ Скопје, Технометал Вардар АД Скопје и ФКН Неготино.

Повисокиот износ на добивка е остварен во услови на позначителен пораст на дополнителната исправка на вредноста на финансиските средства заради влошување на квалитетот на корпоративното кредитно портфолио, како резултат на кризата предизвикана од ковид-19. Имено, исправката на вредноста на финансиските средства  и посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето основа достигна 1.369,7 милиони денари на 31.12.2020 година, наспроти 588,5 милиони денари во 2019 година, при што оценуваме дека Банката изврши определена антиципација на очекуваното влошување на кредитното портфолио и за 2021 година, особено во секторите на угостителството и туризмот.   Позитивниот резултат од работењето, Банката го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во Државата поради пандемијата со ковид-19 во периодот март-јули, и прогласена кризна состојба потоа. Во изминатиот период Банката преземаше интензивни активности и во целост го прилагоди своето работење со донесените препораки и уредби од Владата заради заштита на здравјето на вработените и клиентите, како и со измените на регулативата поврзана со управувањето со кредитниот ризик и останатите одлуки донесени од страна на Народната банка, кои беа креирани пред се’ за да ги заштитат клиентите на банките кои се директно погодени од кризата. Исто така, со цел да го заштити здравјето на вработените и на клиентите, во Банката беа преземени бројни организациско-технички активности, кои обезбедија континуитет на деловните операции и овозможија достапност на услугите на безбеден начин. И покрај тоа што е укината вонредната состојба и престана важноста на голем број од рестриктивните мерки, неповолната состојба со ковид-19 продолжува и во следниот период, поради што од страна на Владата е донесена Одлука за продолжување на рокот на постоење кризна состојба во Државата до 30.06.2021 година.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 5.384,3 милиони денари и бележат зголемување од 23,2% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата бележат зголемување од  0,7% во однос на истиот период од минатата година како резултат на зголемувањето на приходите од камата остварени од секторите домаќинства и држава. Ова е реализирано во услови на континуиран тренд на намалување на активните каматни стапки, при намалена понуда и каматни стапки на благајничките записи, како една од мерките поврзани со здравствената криза. Планот за анализираниот период е остварен со 99,2%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.12.2020 година во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 5,8%. Ова намалување е остварено како резултат на намалениот обем на работа, поголемо користење на електронското банкарство од страна на клиентите, каде се работи со намалени надоместоци во однос на користење хартиени налози, како и поради укинати надоместоци за електронско банкарство за физички лица во периодот на постоење вонредна состојба заради ковидкризата. Планот за анализираниот период е остварен со 92,4%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.12.2020 година изнесуваат 165,1 милиони денари и бележат зголемување од 39,8% како резултат на активности на девизен пазар и по основ на курсирање на билансните позиции во услови на промени на средниот курс на валутите УСД и ЕУР. Планот за анализираниот период е остварен со 139,9%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.12.2020 година изнесуваат 1.830,4 милион денари и бележат повеќекратно зголемување главно како резултат на зголемување  на приходите  од  капитална  добивка по основ на продажба  на преземен  имот, како и поголем износ на наплатени претходно отпишани побарувања. Планот  за извештајниот период е трикратно надминат.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.12.2020 година изнесуваат 1.943,1 милион денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 8,5% како резултат на зголемени премии за осигурување на депозитите, зголемени трошоци за компјутерска опрема заради прилагодување за работа од дома, за хигиена и ангажирање редари согласно ковид-мерките, како и зголемени трошоци за амортизација и за спонзорства и донации. Во услови на пандемија Банката направи повеќекратни улати за помош на здравствениот систем во услови на криза. Исто така, Банката вложи поголем износ за спонзорства во областа на спортот врз основа на ваучери издадени од Агенцијата за млади и спорт, со што се стекнува со право за намалување на данокот на добивка во висина на вкупниот износ на донираните средства. Планот  кај оваа позиција е остварен со 117,7%.

Во периодот од 01.01-31.12.2020 година Банката прокнижи 4,4 милиони денари исправка на вредност на нефинансиски средства, односно 20% од нето вредноста на преземениот имот согласно регулативата на НБРСМ.

Домашни банки

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Објавено

на

На вчерашниот прв состанок на Надзорниот одбор на НЛБ д.д Љубљана годинава, членовите се фокусираа на имплементација на стратегијата на НЛБ Групацијата и статусот на вклучување на факторите за управување со еколошките и социјални аспекти во деловниот модел на НЛБ Групацијата. На седницата, Надзорниот одбор назначи и тројца нови членови на Управниот одбор, со што истиот се прошири на вкупно шест члена. За нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д именувани се: Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите доаѓаат од НЛБ д.д или НЛБ Групацијата, имаат долгогодишно искуство и се веќе докажани во својата работа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување во тарифите за надоместоци за физички лица

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2022 година (среда)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека по повод претстојниот празник – Богојавление (Водици), на 19.1.2022 година (среда) ќе работат следните филијали и експозитури на Банката: (more…)

Продолжи со читање

Популарно