Connect with us

Кредити

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на станбените кредити

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги намали променливите каматни стапки на станбените кредити со ЕУР клаузула кои ќе бидат одобрени по 10.08.2020 година. Поволностите што ги обезбеди Банката овозможуваат станбени кредити чија променлива каматна стапка веќе е под 5% и изнесува 4,5%, односно 4,7% соодветно, во зависност од одбраната опција.

За задоволството да биде поголемо, на граѓаните заинтересирани за купување или изградба на недвижен имот, Банката им нуди кредит со ЕУР клаузула со две опции на каматни стапки по избор на клиентите, а во согласност со нивните можности и потреби.

Првата опција овозможува кредит со фиксна номинална каматна стапка годишно од 2,9% во првите три години и променлива од 4,7% за остатокот од периодот на отплата на кредитот.

Втората опција предвидува фиксна номинална каматна стапка годишно од 3,5% во првите 10 години и променлива од 4,5% за остатокот од периодот на отплата на кредитот.

Рокот за отплата на кредитот е до 30 години.

Кредитите се наменети за кредитоспособни физички лица во редовен работен однос кои примаат плата на трансакциска сметка во Комерцијална банка или за пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката.

Повеќе околу условите на кредитот може да се информирате на следиот линк.

Кредити

Потрошувачки кредит од Халкбанк за здравствени работници

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје подготви специјален производ – Потрошувачки кредит за здравствени работници, кој е со фиксна каматна стапка од само 4% во првите две години, односно 5% каматна стапка варијабилна во останатиот период на отплата и со можност за користење грејс период од 6 месеци. Со новиот производ, Халкбанк излегува во пресрет на здравствените работници кои се наши херои бидејќи се во првите „борбени редови“ во ова време на пандемија предизвикана од КОВИД-19. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Четвртиот пакет на економски мерки носи нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка

Објавено

на

Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна потрошувачка да предизвика раст на БДП во четвртиот квартал и на тој начин да создаде предуслови за растот на економијата од 4,8 проценти во 2021 година што неодамна го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нов потрошувачки кредит од Халкбанк со грејс период од 6 месеци за дополнително олеснување на финансиската состојба на клиентите

Објавено

на

Потрошувачки кредит со грејс период од 6 месеци и со каматна стапка од само 5% фиксна за првите 2 години е новиот производ на
Халкбанк АД Скопје со кој банката излегува пресрет на сите оние кои имаат потреба од дополнителни средства во ова тешко време зафатено од пандемијата со ковид-19, а истовремено сакаат да почувствуваат релаксираност во отплатата придружена со 6 месеци грејс период.

Новиот потрошувачки кредит за физички лица е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите две години, односно 5,5% променлива каматна стапка за останатиот период; со рок на отплата до 120 месеци; максимален износ до 1.500.000,00 МКД и истиот е без провизија за обработка. Единствените трошоци за кредитот се 150 денари за апликација за кредит и надомест во висина од 350 денари за добивање податоци од Кредитното биро кои се наплаќаат доколку кредитот е одобрен.

Како обезбедување кон овој кредит вклучени се осигурителните полиси од Халк Осигурување АД, полиса од незгода која изнесува 600 денари на годишно ниво или Пакет полиса за осигурување, во зависност од износот на кредитот. Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетраење на кредитот, а ги содржи следните ризици:

– Неможност за враќање на кредит – смрт од која било причина, смрт од незгода, и
– Осигурување од незгода – траен инвалидитет над 30%.

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање на постоечки кредитни изложености во други банки. Сите заинтересирани можат да аплицираат за овој тип потрошувачки кредит најдоцна до 30.11.2020 година.

Продолжи со читање

Популарно