Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка генерален покровител на албумот „Песни за љубов и копнеж“ на Каролина, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски

Објавено

на

Македонската музичка ризница е побогата за уште едно ремек дело поддржано од Комерцијална банка. Како општествено одговорна компанија и верен поддржувач на македонската музика, Комерцијална банка на свое огромно задоволство е Генерален покровител на новиот албум на Каролина, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, насловен „Песни за љубов и копнеж“

Тројцата врвни музичари на свој виртуозен начин ѝ приредија на публиката ново доживување на македонската музика од 60-те и 70-те години. Албумот е компилација на преработки на музички изведби на врвни македонски музички имиња.

Со овој албум и со претстојните промотивни концерти во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Каролина, Дуке и Исмаил ќе донесат празнична магија и вистинско музичко уживање.

Комерцијална банка е почестена што даде свој придонес за остварување на овој музички перформанс, со кој останува со децении да живее квалитетната македонска музика.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно