Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка, Генерален покровител на наградата „Роман на годината“ за 2020 година

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година имаше чест да биде Генерален покровител на значајната награда „Роман на годината“ за 2020 година, која му беше врачена на Владимир Јанковски за неговото дело „Скриени желби, немирни патувања“, во издание на „Антолог“.

Оваа веќе традиционална и престижна награда од областа на домашното културно творештво ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“. Нејзината вредност е дотолку поголема бидејќи се доделува на роман кој е за првпат објавен, со што придонесува за афирмација на македонската романсиерска продукција и за поддршка на домашните автори.

Годинава, за наградата одлучуваше жири-комисија во состав: Оливера Николова (лауреат за 2019 година), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева.

„Литературата и раскажувањето приказни ни се потребни бидејќи прикажуваат дека животот е полн со нијанси, не е црно-бел, туку полн со различни перспективи. Треба сите да се потрудиме литературата и уметноста да допрат до нашите сограѓани бидејќи така создаваме посложена перспектива за животот што нѐ опкружува. Затоа приказните и литературата се многу битни“, изјави лауератот Јанковски при доделувањето на наградата.

Банката е генерален покровител на наградата „Роман на годината“ од 2017 година, при што обезбедува парична награда во вредност од 150.000 денари за лауреатот и уште 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно