Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Комерцијална банка втора година по ред Генерален покровител на наградата „Роман на годината“

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е Генерален покровител на наградата „Роман на годината“ за 2018 година, која вчера ја прими писателката Николина Андова-Шопова за нејзиното дело „Некој бил тука“, во издание на „Темплум“.

Наградата во Културно информативниот центар (КИЦ) ја додели Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“. Ова престижно признание 18 години го доделуваше „Утрински весник“, а по згаснувањето на весникот во 2017 година, изминативе две години го доделува Фондацијата.

За наградата одлучуваше жири комисијата во состав: Фросина Пармаковска (претседател и минатогодишен лауреат), Богомил Ѓузел, поетот и академик, писателите Елизабета Баковска и Александар Прокопиев и новинарката Катерина Богоева, претставничка на Фондацијата.

„Некој бил тука“ е роман што се чита брзо и лесно, но истовремено е и приказна што не е ниту површна, ниту плитка. Тој е исклучително зрел и убедлив, тежок и емотивно напорен текст за читателот. Се работи за една долготрајна и мачна себеотуѓеност, која низ необична и нималку наивна игра, со и во просторот, резултира во едно неопходно и неизбежно себесретнување“, стои во одлуката на жирито.

Домашни банки

ЕИФ и ПроКредит Банка ја дуплираат поддршката за иновативните компании – дополнителни 800 милиони евра за мали и средни претпријатија

Објавено

на

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит групација ќе пласираат дополнителни 800 милиони евра за иновативни проекти на мали и средни претпријатија (МСП), што претставува вкупно 1.62 билиони евра за кредитирање на компании во 11 држави. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје со поддршка и за традиционалното и за новото

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје како Банка со најдолга историја на пазарот, традиционално обезбедува поддршка на настани од клучно значење за културата и промоцијата на нашите вредности.
(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година беше спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“, која традиционално се одржува за време на верскиот празник Петровден. Годинава, во периодот од 12 до 14 јули, посетителите можеа одблиску да ги запознаат живописноста на Галичник и волшепството на изворното македонско културно наследство, чиј дел е и манифестацијата „Галичка свадба“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange